Истанбулскиот суд донесе одлука за апсење на вкупно 40 полициски службеници поради наводни врски со движењето Ѓулен, јавува весникот Џумхуријет.

Според извештајот, 43 полицајци се уапсени во вторникот во синхронизирани акции во околината на Истанбул. 40 од нив се уапсени истиот ден поради наводно користење на телефонската апликација ByLock.

ByLock, која турската влада ја смета за најмногу користена апликација за комуникација помеѓу следбениците на движењето Ѓулен, кои владата ги обвинува за организатори на неуспешниот воен удар на 15 јули минатата година.

Дестици илјади цивили, полициски офицери и бизнисмени се приведени или уапсени поради користење на оваа апликација.

При несупешниот воен удар убиени се 240 лица и илјадници други се повредени. Веднаш по пучот, АКП, поддржана од претседателот Реџеп Тајип Ердоган обидот за военудар му го препиша на движењето Ѓулен.

Во настаните кои следеа по неуспешниот воен удар, прогонети се околу 135 илјади лица, меѓу кои и голем број на воени и полициски службеници поради наводна врска со движењето Ѓулен.