Продолжува големата чистка во Турција. Луѓе од сите свери на општеството се дел од прогонот на турските институции.
Според информациите до кои стигна turkeypurge.com, во текот на месецот март приведени се 2586 луѓе од кои што 423 се уапсени како дел од операциите насочени кон движењето Ѓулен и курдското население.
Ова се апсењата и притворите кои се случија помеѓу 1-29 март.
На 29 март, поради наводни врски со движењето Ѓулен беше уапсен Нури Полат, адвокат на Мерал Акшенер, поранешна потпредседателка и кандидатка за председател на Партијата за национално движење (MHP).
На 28 март приведени се 34 лица поради обвинение за користење на мобилната апликација ByLock, која турската влада ја смета за најмногу користена апликација за комуникација помеѓу следбениците на движењето Ѓулен.
На 27 март уапсени се Фатма Саадет Јилмазер и Рабија Фитнат Јилмазер, двете ќерки на поранешниот шеф на разознавачката служба, Али Фуат Јилмазер.

Али Фуат Јилмазер е уапсен по корупцискиот скандал кон крајот на 2013 година, во кој беа вмешани и неколку министри од владата на Реџеп Тајип Ердоган. Тој исто така е обвинет дека извршил голем број на кривични дела, од нелегалното прислушување вмешаност во убиството на турско-ерменскиот новинар Хрант Динк во 2007 година. Тој е однесен во затворот Силиври, а негов адвокат е неговата ќерка Фатма.
На 27 март, уапсени се 14 луѓе, бизнисмени и домаќинки, поради користење на телефонската апликација ByLock.
На 25 март е приведен поранешниот судија на Државниот совет, Ф.Е,. Тој е пронајден со лажна лична карта, излегувајќи од својот дом.
На 25 март приведени се вкупно 65 бизнисмени и домаќинки како дел од операциите насочени кон движењето Ѓулен. Операциите се основани врз користењето на телефонската апликација ByLock.
На 25 март уапсени се 6 цивили во градот Бинѓол, источна Турција, поради ширење на терористичка пропаганда преку сопствените социјални профили, се вели во соопшението на локалната управа на Бинѓол.
На 25 март е издаден налог за апсење на 60 приведени полицајци поради користење на апликацијата ByLock.
На 23 март се приведени 35 адвокати кои бранеле обвинети поради врски со движењето Ѓулен.
На 23 март уапсени се 44 лица од вкупно 84-те приведени од најголемата електронскакомпанија на Турција, АСЕЛСАН поради врски со движењето Ѓулени учество во воениот удар на 15 јули во Анкара.
На 23 март, како дел од операција во истамбулското преградие Аксарај приведени се 22 учители кои предходно се разрешени од нивните позиции. И тие се приведени поради користење на ByLock.
На 23 март е издаден налог за апсење на 25 учители поради коритење на ByLock.

На 21 март е уапсен двесет и едно годишниот студент Али Ѓул само неколку дена по објавувањето на своето видео референдумската кампања „НЕ“.
На 20март министерството за внатрешни работи на Турција изјави дека помеѓу 13 и 20 март вкупно се приведени 966 лица поради поврзаност со движењето Ѓулен.
На 19 полицијата на Адана накратко го приведе новинарот со оштетен вид Џунеј Арат поради „навреда на претседателот Реџеп Тајип Ердоган“ во една Твитер објава.
На 19 март, вклучувајќи доктори и медицински сести, вкупн се уапсени 17 здравствени работници од провинцијата на Кајсери, поради сомнеж за вмешаност во неуспешниот воен удар на 15 јули минатата година.
На 19 март беа уапсени вкупно 10 учители во рамките на една истрага насочена кон движењето Ѓулен.
На 19 март е издаден налог притвор на 23 судии и обвинители од измир, како дел од страгата против движењето Ѓулен и неуспешниот воен удар.
На 18 март, Министерството за внатрешни работи на Турција изјави дека во рамките на операцијата против Куртската работничка партија (ПКК) приведени се вкуно 740 лица низ целата држава. целата држава,
На 17 март затворени се 63 полициски офицери, кои претходно биле разрешени, уапсени се поради наводно користење на ByLock апликацијата.
На 16 март, Јавниот обвинител на Кахраманмарас издаде налог за притвор на 24 адвокати во покраината, ова се должи на нивните наводни врски со движењето на Ѓулен. 19 од нив се ставени под полициски притвор.
На 15. март, во Мерсин беа уапсени вкупно 15 полицајци поради наводна вмешаност во обидот за државен удар на 15 јули.
На 15. март, 20 полицајци, кои претходно беа отпуштени од професијата со декрети издадени од страна на турската влада, приведени се поради наводно учество во воениот удар на 15 јули.
Дневниот весник ХаберТурк објави дека на 13. Март во Агри се уапсени 30 домаќинки, во Кирикарели 13 бизнисмени и сопственици на родавници и други 7 во Сиирт, поради наводна поврзаност во движењето Ѓулен.
На 12. март уапсени се 7 цивили поради инволвираност во науспешниот воен удар.
На 10. март приведни се околу 30 лица во вкупно 11 провинции како дел од истрагата на државниот обвинител на Бодрум против следбениците на Ѓулен.
На 10. март анкарското обвинителство издаде налог за приведување на 102 вработени во Министерството за прехрана, агрокултура и сточарство поради наводна поврзаност со движењето на Ѓулен.
На 9. март приведени се вкупно 31 академик од Анатолискиот универзитет во Ескишехир поради наводно поврзаност со движењето Ѓулен.
На 8. март приведени се вкупно 104 вработени, професори и технички персонал, на универзитетот Мустафа Кемал Ататур во операција насочена кон следбениците на движењето Ѓулен.
Како дел од операција насочена кон движењето Ѓулен, приведени се и 23 поранешни полицајци кои веќе подолго време се разрешени од својата должност.
На 8. март Турското обвинителство издаде наредба за приведување на 142 лица од 32 различни провинции, поради наводна врска со движењето Ѓулен.
На 6. март приведени се 21 лице поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.
На 6. март се приведенеи 95 лица поради поврзаност со движењето Ѓулен.
Турската национална новинска агенција Anadolu Аgency јавува дека се приведени 11 воени лица, 23 полицајци и 11 академици како дел од истрага поведена во градовите Измир, Гиресун, Баликесир, Едирне, Ерзинџан, Сиирт и Килис.
На 4. март уапсени се лица, вклучувајќи фо и Рамазан Олчек, сопственик на про-курткиот весник Азадија Велат.
На 3. март во Кајсери се приведени 33 лица поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.
На 3. март се приведени 12 професори и други вработени во Универзитетот Ситки Кочман во Мугла, поради поврзаност со движењето Ѓулен.
На 3. март приведени се 12 бизнисмени од Кајсери поради помагање на семејствата погодени од теовната операција против движењето Ѓулен.

Приведените: Ханифи Ј. Муаз Б., Мехмет А., Алтан А., Хаџи Али Д., Махмут А., Мустафа А., Селчук А., Фуат Г., Ибрахим Ш., Ихсан Ј. и Али К. се однесени во полициска станица за понатамошна истрага.
Како што јавува весикот „Миллијет“, приведените полицијата ги уапсила при еден состанок додека тие собиирале доброволен фонд за оштетените семејства.
На 15 јули во Турција се случи неуспешен воен удар каде што се убиени 240 лица а илјадници се повредени. Веднаш по неспешниот пуч, турската влада водена од АКП и председателот Реџеп Тајип Ердоган движењето Ѓулен го прогласија за виновници на воениот удар.
Движењето одбива било каква поврзаност со воениот удар.
Веднаш по воедниот удар, 135 илјаи лица беа прогонети од државните институции и 43 илјади беа уапсени. Меѓу уапсените се наоѓаат новинари, судии, обвинители, полицајци, војници, академици, градоначалници па дури и еден комичар.