Ибрахим Узун, отворен критичар на турската општина Дариџа блиску крадот Коџаели, тврди дека неговата неподвижна мајка била одбиена од страна на брзата помош поради неговите критики упатени кон општинската администрација.
Градоначалникот на Дариџа избран од редовите на владеачката партија АКП, Шукру Калабaџак му рекол на Узун дека не му служи на човек кој ја критикува општината преку социјалните мрежи.
„Нема да ти дадам јавна услуга поради тоа што го критикуваш оној кој ти служи… Сега, губи се!!!“ се зборовите кои Карабаџак кои му ги кажал на Узун преку телефонски разговор.
Узун ги сподели деталите на овој случај преку неговиот Фејсбук профил, додавајќи дека докторите препорачуваат да се земе неговата мајка од државната болница на Дариџа „Фараби“ и да се однесе во некоја друга повеќе опремена болница.
„Не можевме да ја однесеме со нашата кола. Таа е пациент со дијализа, воспалителен зглобен реуматизам и напредна остеопороза. Таа не смее да го движи ниту еден дел од телото. Затоа имавме потреба од итна помош“.
Узун рече дека тој и татко му директно се јавиле кај градоначалникот околу можното прескокнување на бирократијата за да заштедат време пред да добијат брза помош.