Деца на семејството Уз се болни од аутизам и се оставени сами на своја глава откако нивните родители се уапсени како дел од истрата против движењето Ѓулен која е започната по неуспешниот обид за државен удар на 15. јули.
Движењето Ѓулен се товари за планирање и организирање на неуспешниот воен удар, и покрај тоа што сеуште нема судска одлука за ваквото тврдење. Сепак, владата Турција по 15 јули приведе над 95 илјади лица меѓу кои 47 илјади се уапсени. Меѓу уапсените има луѓе од сите професии на општеството: наставници, доктори, фармацевти, студенти, водоводџии, футбалери, актери, па дури и еден комичар.
Сакаме да ви преставиме писмо на една жена од Кајсери, која сака да го привлече вниманието кон маките кои ги трпат семејствата чии членови се уапсени низ горенаведените акции. Во писмото се работи за едно семејство кое се растурило откако родителите се уапсени, а децата биле оставени сами во нивниот дом.
„Го пишувам ова писмо бидејќи сметам дека е мојата човечка должност, го пишувам како една мајка… Бидејќи се работи за едно семејство итно му треба помош, некој кој ќе се грижи за нив… Крвта ми се смрзна кога слушнав што им се случи на моите соседи кои ги познавам долги години… Не можев да ги преболам со денови. Не можев да престанам насекаде да ја гледам мојата сосетка Емел. Таа беше наставничка, а нејзиниот маж работеше како советник… Имаа три деца.. Фатих (17), Муџтеба (13) и Сами (4). Емел ми раскажуваше колку била среќна кога го родила Фатих. Кој не е среќен кога станува мајка? Може да ги прашате жените кои почуствувале како е да се биде мајка. Ќе ви раскажуваат многу нешта со часови. Исто како и Емел… Таа многу го сакаше Фатих… Понекогаш јас и Емел со часови седевме и размислувавме за иднината на нашите деца. Кога Фатих наполни 3 години, соништата на Емел се срушија, бидејќи тој беше малку поразличен од другите деца
На малиот Фатих му е дијагностициран аутизам
Луѓето одат дома и се релаксираат од секојдневните обврски. Тоа не беше случај и во домот на Емел. Таа беше исцрпена и дома и на работа. Секогаш беше ненаспана. Иако се трудев, сепак не можев да ѝ бидам од голема помош.
Кога беше во седмиот месец од бременоста на второто дете, докторите рекоа дека е можно да биде дијагностицирана слична попреченост исто како и кај првото.
Емел стана повеќе депресивна. Но оваа психолошка состојба не траеше долго време. Таа беше толку голема верничка што не се бунеше на ништо што е дојдено од Бога и ги вложуваше сите нејзини напори.
Тие беа во потрага за различни видови на лекови, училишта и доктори за третманот на Фатих за што имаа голема потреба од пари… Тие цврсто се бореа за излекувањето на нивното дете.
Таа го посветила својот живот на своите деца… После неколку години се роди и нивното трето дете, Сами сега има 4 години.
Како родители, за своите три деца се грижеа со голем труд, единство, напори и многу солзи…
Фатих сега има 17 години. Преживува само со образованието и лековите. Тој е многу паметно дете. Кога разговараш со него понекогаш мислиш дека разговараш со научник…
Неговите лекови ги порачуваше еден месец пред да му завршат тие старите, бидејќи понекогаш Фатих може да биде потенцијална закана за семејството и околината, или нанеговите браќа. Никогаш не можам да заборавам една случка…
Бев сведок на еден разговор на Емел со нејзината мајка. Таа сцена ми го распарчи срцето.
Бабата гледа во својот внук и го наблидува. На ќерка и ѝ вели „Емел, ова дете е многу фино. Кој знае, можеби еден ден ќе има благословена шанса за брак со некоја девојка…“
„Мамо, Фатих ќе остане со нас до крајот на неговиот живот. Ја знаеш неговата состојба“.
Бабата на ова возврати велејќи „Ќерко, зошто така велиш? Фатих е згодно момче. Можеби еден ден ќе се ожени со некоја“ Емел ѝ рече „Мамо, Фатих не може да се ожени и да основа семејство. До неговата смрт ние сме неговата сопруга, мајка и другар“. Солзите во очите на Емел беа доволни да го омекнат дури и најнемилосрдното срце.
Уапсени се мајката и таткото
Одеднаш гледаш дека таа со чисто срце е уапсена, тој еликсир на животот за мене, и нејзиниот сопруг се оддалечени од своите 3 деца.
Скоро 80 годишните баба и дедо ја презеле одговорноста за грижа на децата, кога и на самите нив им треба помош. Тие некако се грижат за децата, но јас вепрашувам: Уште колку долго можат да се грижат овие стари луѓе за децата? Уште колку долго можат да им помагаат?
Колку ќе можат да им ги обезбедат посебните потреби? Каква совест може да ја прифати моменталната состојба на овие деца?
Освен тоа, мајката е однесена во друг град, во Маниса…
Татко им е во Невшехир… Децата се во Кајсери кај нивните стари баба и дедо… Децата веќе 8 месеци не можат да ја видат својата мајка!!!
Иако таткото одвреме навреме може да ги види, сепак тој многу се натажува кога ја гледа нивната мизерна состојба. Како резултат на несаканите дејства на лековите кои му се дадени во затворот, тој спие со часови изговарајќи ги имињата на своите деца. Сами има само четири години. Тој на своите раменици ја носи тежиата на целиот свет. Тој е мал но има срце големо колку една планина. Сами спие со чевлите на својот татко и секоја жена која влегува во вратата на станот мисли дека е неговата мајка.
Бабата преживеала срцев удар
Бабата имала срцев удар додека се грижела за овие деца. Сега ве прашувам: Откако ќе го прочитате сето ова, дали повторно ќе продолжите со СВОЈОТ МОЛК?!!“

На видеото зборува седумнаесет годишниот Фатих. Тој вели дека е разочаран што не може да ги види своите родители и дека ги сонува секоја вечер. Кон крајот на својот овор, тој му се моли на Бога за своите родители.

Во вториот дел од видео записот зборува малиот Сами кој вели дека секоја вечер заспива прегрнувајќи ја и мирисајќи ја облеката на мајака му.

Ова се официјалните здравствени извештаи на заболените деца!