Додека во Турција се одбележуваше 97 годишнината одосновањето на првиот парламент и националниот суеверенитет и се прославуваше денот на децата 23 Април, околу 520 деца беа лишени од оваа прослава чиниш тие се должни да растат во затвор.
Според последните податоци објавени од страна на Министерството за правда, повеќе од 6.000 жени се задржани во казнено-поправните институции, што претставува околу 9 отсто од вкупниот број затвореници во Турција.
Вкупно 2.258 од нив се мајки, од кои 520 се приморани да ги пораснат во затвор своите 0 до 6-годишни деца.
Т.н. „лов на вешерки“ кој го започна Турската влада против движењето Ѓулен после 15. јули најголема трагедија преставува за уапсените мајки и нивните деца.
На денот на одбележувањето на 97-годишнината од основањето на турскиот парламент и националниот суверенитет и Денот на децата означени на 23 април во Турција, најмалку 520 деца живеат во затворите со своите мајки низ целата земја.
Првиот состав на Турскиот величествен национален парламент (ТБММ) за прв пат заседуваше на 23. април 1920 година за време на војната за независност со што се поставуваат темелите за независна, секуларна и модерна република.
Откако основачот на модерната, Турција Мустафа Кемал Ататурк 23. Април им го посвети на децата, тие станаа центарот на прославата на овој ден.