Таа го сподели својот прв статус на 8. април, велејќи „ Сакам да се слушне нашиот глас во врска со киднапирањето на мојот сопруг. Ве молиме обрнете внимание @MTanal @MSTanrikulu @aykuterdogdu. Целото наше семејство сме во очај”.
Очајната сопруга сподели и видео запис на кој детално го опишува настанот. Таа вели дека на 1 април пријател на сопругот дошол во нивниот дом и ѝ рекол дека Тургут е киднапиран. Според Махмут Озпинар, поранешен академик на универзитетот Тургут Озал, Чапан бил одговорен на одделот за култура, спорт и уметност, пред универзитетот да биде затворен од страна на Турската влада.

Универзитетот Тургут Озал е еден од илјадниците образовни институции кои се затворени само една недела по неуспешниот и измислениот државен удар на 15 јули. Надлежните тврдат дека овие институции се поврзани со движењето Ѓулен, кое владата го обвинува за организирање на неуспешниот пуч.
113 илјади лица се приведени, а 47 илјади се уапсени по брза постапка поради наводна поврзаност со движењето, будејќи загриженост за недостаток на подлабока анализа и доволни докази во текот на истрагата и гонењето.
Иако причините за киднапирањето допрва треба да бидат докажувани, до Turkey Purge од неодамна почнаа да пристигнуваат пријави за киднапирани лица. Многу медиуми почнаа да објавуваат статии за мистериозни случаи кои им се случиле не само на следбениците на движењето Ѓулен туку и на припадници на други социјални групации кои се критички настроени кон Турската влада.
Кон средината на октомври минатата година во Малезија се киднапирани двајца Турски државјани од страна на Турските разознавачки лужби. Turkey Purge за киднапирањата дозна по пријавата на семејствата на киднапираните лица.
Во меѓувреме, левичарскиот весник Евренсел објави дека е претепана Зејнеп Тунчел, нивна читателка и дистрибутерка. Таа тврди дека е претепана од страна на група напаѓачи поради нејзиниот став против владата.
Жена со име Фатма Асан, на својот Твитер профил на 8. април сподели слична приказна како онаа на Тургут Чапан, тврејќи дека нејзиниот сопруг Ондер Асан е исчезнат уште од 1. април и не може да се најде никаква трага од него. Ондер Асан работел како професор по филозофија.