Турската влада намерно и систематски апси жени како дел од кампањата за сеење страв и заплашување по неуспешниот воен удар, се вели во извештајот на Стокхолмски центар за слободата (СЦФ) објавен на 27. април.
Извештајот насловен како “Апсење на жените во Турција, систематска кампања на прогонството и стравот” документира случаи на жени кои досега немале криминално досие.
„Се цели креирање на студен фактор во турското општество и застрашување на луѓето за да се остранат од нивните права како слободата на говорот, слободата на собирањето и други слободи“ се наведува во извештајот потенцирајќи дека целта на оваа кампања се жени од сите сфери на животот.
„Во некои случаи СЦФ идентификуваше жени кои биле уапсени во болица веднаш по породувањето без да им се даде можност за опоравување. Многу жени се уапсени при посета на нивните мажи, оставајќи ги нивните деца во еден буквален хаос на кривичниот систем кој беше злоупотребен од страна на владата за да се казнат сите критичари. Во еден случај, една жена го изгубила својот разум по измачувањата и тортурата која била извршена врз неа додека била во полициски притвот, но и покрај ваквата дијагноза, таа сепак била испратена во затвор. Една друга жена е приведена поради тоа што нејзиниот сопруг бил сеуште на слобода. Во многу случаи, уапсени се сопруги на бизнисмени кои се видени како ги поддржуваат противниците на тоталистикиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, запленувајќи ги сите нивни бизниси и лични материјални срества“ се вели во извештајот на СЦФ.