Имате ли банкнота од еден долар во џепот? Тоа е доволно во Турција да бидете уапсени поради опвинение за тероризам

Во текот на прогонот по државниот удар во Турција, се доживеа и еден од најчудните наводи за апсење. Турските власти приведоа или уапсија илјадници лица. Поседувањето на банкнота од еден долар е доволна причина поради која се поврзуваат овие луѓе за движењето на Фетулах Ѓулен, турксиот теолог кого владата го обвинува за управување со неуспашниот воен удар.

Турските власти,отидоа толку далеку со разни теории, што почнаа да вадат смисла од банкнота на еден долар во џеповите на луѓето. Според една теорија, буквите на почетокот од банкнотите и сериските броеви кореспондираат со чиновите во движењето.

На пример, буквата „Ф“ индицира високо рангирани војници или полициски офицери, „Ј“ и „Ц“ ги преставуваат ниско ранкираните војници. Буквата „Б“ е за студенти, додека пак „Е“ и „С“ за наставници академици од „Ѓуленистичките“ училишта.

Министерот за правда на Турција, Бекир Боздаг е еден од политичарите кој е убеден дека банкнотата од 1 долар е чист доказ за членство во движењето Ѓулен. Во едно интервју за про-владината „А-Хабер“ тој изјави „Нема сомнеж дека оваа банкнота од еден долар му припаѓа на некој следбеник на Ѓуленистичката терористичката организација“.

Висок официјален преставник на Турската влада, за Асошиетед прес изјавил дека турските власти се сигурни дека банкнотата од еден долар е користена за да се испрати тајна порака или за означување на функцијата на носителот.

„Повеќето испитани лица, обвинети за учество во боениот удар од 15 јули, рекоа дека добиле еден долар од челниците на движењето Ѓулен. Тие рекоа дека Фетулах Ѓулен ги благословил тие банкноти за нив“ рече едно официјално лице кое го задржа правото на анонимност бидејќи не бил овластен да зборува на таа тема.