Двајца наставници во турскиот град Бартин се осудени поради наводна повзаност со движењето Ѓулен. С.С. е осуден на 7 години, 9 месеци и 22 дена, додека пак М.Е. е осуден на 7 години и 6 месеци.
Владата го обвинува движењето Ѓулен за организирање на неуспешниот пуч кој се случи на 15. јули по што го прогласи за терористичка организација.
С.С. поранешен наставник во училиште затворено од страна на владата, е осуден поради користење на мобилната апликација ByLock која владата ја смета за тајно срество со кое комуницираат припадниците на движењето Ѓулен. Трансакциската сметка на С.С. во Банк Асија исто така се смета како поврзаност со движењето Ѓулен. Тој вели дека управниците на училиштето во кое работел побарале од него да отвори сметка во оваа банка. С.С. е осуден на 7 години, 9 месеци и 22 дена на 25. април.
М.Е. исто така наставник од Бартин, е осуден на 7 години и 6 месеци поради наводно членување во вооружена терористичка организација.