А.А. и Т.Д. се наставници кои претходно се отпуштени како дел острите мерки против движењето Ѓулен во периодот на поствоениот удар. Тие се уапсени во Малатја додека гласале на референдумот кој се одржа во неделата.
Турците гласаа за префрлување од парламентарен систем на уредување во претседателски систем, со кој се предвидуваат големи овластувања на сегашниот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Полицијата на Малатја ги приведе двајцата наставници поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен, кое владата го обвинува за организирање на неуспешниот воен удар. Движењето најостро одбива било каква поврзаност со неуспешниот воен удар.
Во меѓувреме,во Трабзон е приведен и Е.О. поранешен косопственик на приватно уилиште, затворено од страна на владата по 15. јули.
Полицијта на Малатја исто така го уапси и Ф.Г. додека пак четири други лица беа приведени во Адана поради наводни врски со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во близина на гласачко место.