На Харун Вурал му е дијагностициран рак додека тој сеуште бил во притвор. Обвинителот одбива да му даде дозвола за терапија во болница пред престојната операција.

Харун, кој во градот Ерзурум  работи како ветеинар, бил уапсен како дел од операцијата против движењето Ѓулен, кое владата го обвинува за организирање на воениот удар од 15 јули.

Тој требаше да се оперира на 11. април. Лекарите порачуваат дека до тогаш мора да остане на интензивна нега.

Според јавувањата на веб порталот Актиф Хабер, покрај, и постојаните барања испратени до обвинителот Нурулах Јашар, Харун бил повторно вратен во затвор и покрај постојаното крварење.