Судот на Киршехир, Турција го осуди Бекир Џ. на 6 години затвор поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен. Бекир е наставник и поранешен синдикалец во едукативните центри Актиф Шен, кои минатата година беа затворени од страна на турската влада.
Тој е осуден поради тоа што ги носел своите деца во училишта поврзани со движењето Ѓулен, поради вложување пари во Банк Асја и членување во Актиф Шен, институции кои владата ги смета за поврзани со движењето Ѓулен.
Банка Асја и уште илјадници училишта и институции се затворени по неуспешниот воен удар на 15. јули, поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен, кое владата го обвинува за планирање на пучот. Движењето негира било каква поврзаност.