Повик до турската влада: ПУШТЕТЕ ГИ ДА ИЗЛЕЗАТ НАДВОР!

Турската влада лиши од право илјадници неистомисленици насилно држејќи ги во границите на државата.

По неуспешниот воен удар од 15. јули минатата година, поништени се пасошите на над 150 илјади лица. Меѓу лицата чии се поништени пасошите се наоѓаат голем број новинари, комлумнисти, академици и високи државни службеници. Поништени се пасошите и на многу обични граѓани како дуќанџиите, домаќинките па дури и децата. Сите тие се спречени да излезат надвор од државата.
Илјадници цивили се обидоа да ја напуштат земјата откако беа разрешени од нивните позиции по владините одлуки, или откако дознаа дека ќе бидат гонети од страна на владата, полицијата и судството.
Многу противници на турската влада се обиделе да избегаат од тековниот прогон во земјата. Некои од нив се удавиле откако нивните чамци потонале во Егејското Море, додека други биле фатени и ставени во затвор од страна на турските власти.
Поради нивните ставови, жртвите на прогонот не се прифатени од општеството, немаат можност да отворат нова страница ниту пак да продолжат со ниниот живот во земјата.
Тие се принудени на бавен и болен социјален геноцид.
Како уредници на Turkeypurge.com длабоко сме загрижени за сите овие случувања кои ги поткопуваат дури и најосновните човекови права. Веруваме дека единствениот излез од оваа кошмарска етмосфера е да им се вратат пасошите на овие луѓе и да им се дозволи излез од државата за еден нов почеток.
Ја објавуваме нашата загриженост за да го информираме турскиот народ и целиот свет кој сеуште верува во демократијата.
Ја повикуваме турската влада да им даде шанса на сите жртви од прогонот да ја напуштат земјата и да започнат нов живот некаде на друго место во светот.
ПУШТЕТЕ ГИ ДА ИЗЛЕЗАТ НАДВОР!