Х.Е., полицаец кој беше суспендиран од работа доцна во четвртокот поради неговите наводни врски со движењето Ѓулен, изврши самоубиство во петокот, јавува весникот Чумхуријет.
„Не сум предавник. Никогаш не ја предадов мојата држава“ беа зборовите кои ги сподели полицаецот на својот Твитер профил само неколку часа пред да посегне по својот живот.
Х.Е. наводно, работел во Националното собрание на Турција (TBMM) и е еден од 9.103 припадници на полициските сили на Турција, кои беа разрешени поради нивните наводни врски со движењето на Ѓулен.
Турција помина низ еден несупешен обид за воен удар на 15. јули каде што беа убиени над 240 души и илјадници други беа повредени. Владата предводена од АКП и претседателот Ердоган под итна постапка и без никаков доказ го обвинија движењето Ѓулен за организација на пучот.
Движењето одбива било каква поврзаност.
Според извјавата на Министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу, од 15. јули вкупно се уапсени 10 илјади 732 полицајци.
Сојлу исто така рече дека вкупно се приведени 113 илјади 260 лица и 47 илјади 155 се уапсени како дел од истрагата против движењето Ѓулен.