Во понеделник се приведени 61 лице, меѓу кои 40 се криеле поради „ловот на вештерки“ кој го започна турската влада против движењето Ѓулен.
Минатата недела се приведени 61 лице како дел од истрагата против движењето Ѓулен. Меѓу приведените се наоѓа и Садетин Улубај, сопственик на хотелот „Емекс“.
На 15. јули Турција помина низ еден неуспешен обид за државен удар. Таа вечер животот го загубија 240 лица, а уште илјадници други се повредени. Владата и претседателот Реџеп Тајип Ердоган по итна постапка го обвинија движењето Ѓулен за организирање на воениот удар.
Фетулах Ѓулен, инспираторот на движењето, силно негира било каква замешаност во неуспешниот обид за државен удар и повика започнување меѓународна истрага против себе. Од друга страна, претседателот Ердоган, овој воен удар го нарече „Божји дар“. Владата иницираше распространета чистка наменета за чистење на симпатизерите на движењето од рамките на државните институции, апсејќи ги популарните личности од движењето.
Вестта е превземена и преведена од порталот Turkish Minute