Сокмен беше насилно пренесен до истанбулскиот аеродром Ататурк, приведен и однесен во полициската станица.
Тој повика на „помош од целиот свет“ во едно видео кое го сподели на социјалните мрежи само неколку минути пред да биде предаден на турските власти на меѓународниот аердором Јангон од страна на мјанмарската полиција во петокот.
Претходно Сокмен сподели видео каде што се гледа дека тој, неговата сопруга Ајше и ќерката Сибел се приведени од страна на бирото за емиграција од каде што им рекле дека турската влада ги откажала нивните пасоши.
Според националната новинска агенција „Анадолу“ Сокмен најпрвин бил насилно пренесен во Банкок, Тајланд.
И покрај неговите повици, тој беше однесен во Истанбул со полициско присуство со лет на Туркиш Ерлајнс.
Сокмен е извршен директор на меѓународните училишта Хоризонт (Horizon International Schools) и еден од власниците на Меѓународниот едукативен сервис Медитераниан (Mediterranean International Education Services Co. Ltd). Седиштето на двете институции е во Мјанмар.
Хјуман рајтс воч го осудува присилното враќање од Мјанмар и Тајланд
Во изјава од 26. мај, заменик директорот на азискиот оддел на Хуман рајтс воч Фил Робетсон рече „И Мјанмар и Тајланд ја имаа можноста да направат добар чекор со тоа што на овој училишен раководител би му обезбедиле пристап до #UNHCR и би овозможиле да се испита неговиот страв од тортура. Да го направеа тоа, би ги испочитувале човековите права, но и двете влади заземаа циничен став дека турската влада може да прави што сака со своите граѓани, дури и со тие кои живеат во други земји“
„Како резултат, Фуркан Сокмен, светиот месец Рамазан ќе го помине далеку од својата ќерка и својата сопруга, соочувајќи се со многу несигурна и сурова судбина“:
„Неговите повици за помош да не биде вратен во Турција беа испратени преку видео запис до ХРВ и до целиот свет. Неговиот глас се дигна против циничниот став на владите на Тајланд и Мјанмар да не им помагаат на бегалците и политичките протераници“
Турската „долга рака“ во странство
На 15. јули Турција претрпе воен удар при кој погинаа 240 лица и илјадници други беа повредени. Ердоган и турската влада по итна постапка го обвинија двиѓењето Ѓулен за организација на овој воен удар.
Ердоган ги повика сите земји да ги казнат „Ѓуленистите“. Само неколку земји, меѓу кои Саудиска Арабија, Малезија и Грузија се одзваа на овој повик.
Во меѓувреме, спореднеден негов Твитер статус од 20. мај, НБА ѕвездата Енес Кантер беше спречен да влезе во Романија, по барање на турската влада.
Кантер, кој е поддржувач на движењето Ѓулен, за медиумите изјави дека турската влада претходно се обиде да го фати во Индонезија.