Судиите Ибрахин Лорасдаги, Бариш Џомерт и Неџла Јешилјурт Ѓулбичим, во петокот минатата недела донесоа одлука за ослободување на 21, од 29-те уапсени новинари кои се обвинуваат за членство во движењето Ѓулен. Турската влада движењето го преставува како терористичка организација и го обвинува за организирање на неуспешниот воен удар кој се случи летото минатата година.

Државната новинска агенција на Турција Anadolu news agency во понеделникот соопшти дека сите три судии, кои ја издале одлуката за ослободување, се суспендирани од страна на Врховниот совет на судии и ибвинители (HSYK).
Во меѓувреме, истиот ден беа отпуштени уште 45 други судии и обвинители.
Врховниот совет на судии и ибвинители (HSYK) отпушти вкупно 4,272 судии и обвинители по неуспешниот обид за воен удар поради наводни врски со движењето Ѓулен, додека пак бројката на суспендиран сутски персонал е непозната.
Според обвинителите, 8 новинари се процедурално погрешно ослободени, додека пак истиот ден е издаден налог за апсење на останатите 13.
Контраверзното повторно апсење настапи по кампањата против првичната одлука, започната од страна на некои новинари, како Ерсој Деде и Исмаил Сајмаз. Про-владиниот новинар Џем Кучук ги повика министерот за правда Бекир Боздаг и HSYK да поведат истрага против судиите и да ги отпуштат од нивните позиции.
Ова се 29-те новинари, кои веќе осум месеци се пртворени: Абдулах Килич, Ахмет Мемиш, Али Акуш, Атила Таш, Бајрам Каја, Булент Џејхан, Бунјамин Косели, Џемал Азми Калјонџу, Џихан Аџар, Џума Улус, Давут Ајдин, Емре Сонџан, Гокче Фират Џулханоглу, Хабиб Ѓулер, Халил Ибрахим Балта, Ханим Бушра Ердал, Хусеин Ајдин, Мухаммед Саит Кулоглу, Мухтерем Таник, Мурат Аксој, Мустафа Еркан Аџар, Мутлу Чолгечен, Огуз Услуер, Саид Сефа, Сејид Килич, Уфук Шанли, Унал Таник, Јакуп Четин и Јеткин Јилдиз.