Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека вкупо 113,260 лица се приведени како дел од истрагата насочена кон движењето Ѓулен по воениот удар на 15 јули.

Владата вината за државиот удар ја насочи кон движењето.

47.155 лица беа дополнително задржани во притвор, или, како што турците повеќе би сакале да кажат, „тие се уапсени“, Сојлу додаде дека „Ова е забележителна фигура“.

Околу 745 лица сеуште се во притвор и чекаат разрешница на истрагата.

Бројката на лицата кои се испратени на судска контрола изнесува 41,499, а 23,861 лице е ослободено по краток притвор без никаква истрага.

Сојлу рече дека сеуште се чека правна одлука за 863 лица кои се соочуваат со исклучителни обвинувања.

Министерот заклучи дека „Од 47,155-те уапсени, 10.732 лица се полициски офицери, 7,631 се воени челници, 2,575 се судии и обвинители, 26,177 се цивили и 208 лица се локални администратори“.