Владата ја заплени заштедата на Мехмет Алкан, поранешен потполковник кој се најде на насловните страници откако јавно ја критикуваше владата на погребот на својот брат, кој  исто така бил службеник на армијата.

На својот Твитер профил објави статус на кој вели дека е прогонуван од страна на турската влада како дел од мерките на вонредната состојба,

„Кој е виновник за неговата смрт? Тие кои нѝ велеа дека имаат решение за Куртскиот проблем на државата а сега тие истите нѝ зборуваат за војна“ извика Алкан на погребот на неговиот брат на 25. август 2015 год. четири дена откако беше убиен од страна на Куртската работничка партија (ПКК) во Бејтушебап. Турската армија и ПКК продолжија со своите меѓусебни судири во јули 2015 година, откако неколку години беа во примирје.

Тој рече дека му била одземена целата заштеда која ја имал во банката, откако претходно бил отпуштен од армијата на 1. септември.

Алкан тврди дека не му било дозволено ниту да работи како адвокат. Тој има дипломирано на правниот факултет.

„Се обидувам да преживеам со платата на жена ми“ рече тој, додавајќи дека никој од неговите другари не сака не му одговара на телефонските повици.