Меѓународната организација Амнести интернешнл започна кампања за итна истрага за тројца турски државјани кои се уапсени во Малезија, барајќи од луѓето да испратат писмо со барање до малезиските власти за стопирање на екстрадицијата.
„Тројца турски државјани се приведени во Малезија како дел од анти-терористички активности… Во случај да бидат екстрадирани во Турција, тројцата приведени можат да бидат дел од силна тортура или други малтретирања, откако беа уапсени на еден нетранспарентен начин. Приведените се држат во седиштето на полицијата Букин Аман во Куала Лумпур“.
Тургај Караман, раководител на меѓународната гимназија во Ипох, и Ихсан Аслан, турски бизнисмен, се уапсени од непознаци лица на 2. мај 2017 во Куала Лумпур. Официјалните лица на министерството за внатрешни работи изјавија дека двајцата биле уапсени поради сомнение за нарушување на безбедноста на Малезија. Поради исто обвинение е приведен на 4 мај е приведен Исмет Озчелик, ректор на еден универзитет кој врши дејност во Малезија.
Претходно во Малезија се уапсени двајца турски државјани кои беа депортирани истиот ден. И двајцата беа уапсени по нивното враќање во Турција, каде што се наоѓаат во притвор без судење.
Заедничко за петте уапсени е тоа што се поврзани со движењето Ѓулен, кое турската влада го обвинува за организирање на неупешниот воен удар на 15. јули минатото лето. По овој удар, владата приведе над 120 илјади лица поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.
Во својата кампања Амнести Интернешнл вели:

„Ве молиме да им пишете на Премиерот и министерот за внатрешни работи на Малезија на англиски или на вашиот мајчин јазик:
Се повикуваат малезиските власти да ги исполнат своите должности кон меѓународното право и да не ги депортираат, екстрадираат или на било кој начин да не ги враќаат назад Тургај Караман, Исмет Озчелик и Ихсан Аслан, или било кој друг, во земји каде што би можеле да бидат под ризик на тортура, други малтретирања или други сериозни прекршувања на човековите права;
Изразувајќи загриженост во врска со начинот на на кој тие биле, наводно, уапсени;
Барајќи од нив да им се дозволи на тројцата пристап до нивните адвокати и посета на нивните најблиски и потсетувајќи ги за нивното право на независно судење“.
Хуман рајтс воч и канцеларијата за човекови права при ОН за Југо-Источна Азија исто така изразија загриженост околу обвиненијата за уапсените и упатија забелешки кон малезиските власти поради причините за апсење.

Related News