Турската полиција ја приведе Нурије Јалчин, бремена жена која очекувала близнаци во 5 тиот месец од бременоста. Нурије била на редовен преглед во болницата Измит Медикал Парк, кога полицијата дошла и ја однела во полициската станица.

Обвинета за наводни врски со движењето Ѓулен, Јалчин била задржана дури 5 часа во полициската станица во Измит, пред да биде пренесен во една друга полициска станица во градот Сакарја, кој е оддалечен 50 км од Измит.

Турската влада го обвинува движењето Ѓулен за организирање и планирање на неуспешниот воен удар од 15. Јули минатата година. Движењето ги одбива сите обвиненија.

Според турските медиуми, сеуште не е познато дали судот ја ослободил Јалчин или таа е задржана во притвор.

Повеќе од  120 илјади лица се приведени поради наводна или реална поврзаност со движењето Ѓулен.

Related News