Турската влада го прекина фондот наменет за Рафија Нур, 12 годишно девојче со посебни потреби чиј татко е уапсен поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен, откако државните челници движењето го прогласија за организатор на неуспешниот воен удар на 15. јули.
Според вестта на весникот „Јени Асја“, Е.А. е разрешен државен службеник и татко на Рафија Нур, која е заболена од парализа со рејтинг од 97%. Татко ѝ бил однесен во затворот во Измир и таму се наоѓа веќе шест месеци.
Адвокатот на семејството тврди дека Рафија е парализирана до тој степен што не може воопшто да оди.
Неуспешниот воен удар од 15. јули Турската влада го искористи да изврши голем прогон врз сите свои неистомисленици. Турската владеачка партија (АКП) и претседателот Реџеп Тајип Ердоган, без никаква основа и по брза постапка, вината за организирање на пучот ја насочија кон движењето Ѓулен, прогонувајќи ги и отпуштајќи ги од работа неговите следбеници, затворајќи ги институциите раководени од движењето и затворејќи ги популарните членови на движењето.
Движењто отфрла било каква поврзаност со неуспешниот воен удар.

Related News