Врвниот судски орган на Турција, Врховниот совет на судии и јавни обвинители (ХСЈК) донесе одлука за разрешување на 107 судии и јавни обвинители поради наводна припадност на движењето Ѓулен, кое владата го обвинува за организирање на неуспешниот воен удар од 15. јули.
Одлуката за разрешување е донесена од страна на Генералното собрание на ХСЈК одржано минатиот петок.
Заменик – претседателот на ХСЈК, Мехмет Јилмаз, за турските медиуми изјави дека е завршена листата според која се прават отпуштањата.
„Ова е последно разрешување. Комплетирана е листата која ја изработивме. Нема повеќе разрешувања. Доколку во иднина добиеме жалби, ќе ги разгледаме“ додаде Јилмаз.
Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, во една изјава од 10. ноември соопшти дека по неуспешниот удар, поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен, од ХСЈК се протерани 3456 судии и обвинители.

Related News