По само еден ден од пријавувањето за исчезнат човек од Анкара, на 1. април исчезнал и Ондер Асан, наставник по фиозофија.
41 годишниот наставник исчезнал на 1. април. Неговата сопруга Фатма Асан очајно изјави дека веќе 8 дена нема ни трага ни глас од незиниот сопруг.
Фатма Асан, преку ново отворениот Твитер профил побара помош од политичарите и новинарите, велејќи: Јас и моите три деца сме во очајна состојба.
Доколку е вистина, исчезнувањето на Ондер е второто континуирано исчезнување, по она на Тургут Чапан, поранешниот вработен во универзитетот Тургут Озал.
Сопругата на Тургут, Улку преку Твитер профилот изјави дека на 1.април во нивниот дом дошол другар на сопруот и ѝ рекол дека Тургут е киднапиран.
Иако причините за киднапирањето допрва треба да бидат докажувани, до Turkey Purge од неодамна почнаа да пристигнуваат пријави за киднапирани лица. Многу медиуми почнаа да објавуваат статии за мистериозни случаи кои им се случиле не само на следбениците на движењето Ѓулен туку и на припадници на други социјални групации кои се критички настроени кон Турската влада.
Владата го посочува движењето Ѓулен како организатор на несупешниот воден удар од 15. јули. Во акциите против ова движење се уапсени над 47 илјади лица. Во меѓуреме се затворени и голем број на училишта и интернати поради истата причина. Тургут Озал е една од затворените институции. Сопругата на Тургут Чапан никаде не споменува некаква поврзаност со движењето.
Кон средината на октомври минатата година во Малезија се киднапирани двајца Турски државјани од страна на Турските разознавачки лужби. Turkey Purge за киднапирањата дозна по пријавата на семејствата на киднапираните лица.
Во меѓувреме, левичарскиот весник Евренсел објави дека е претепана Зејнеп Тунчел, нивна читателка и дистрибутерка. Таа тврди дека е претепана од страна на група напаѓачи поради нејзиниот став против владата.

Related News