Во средата, четири лица беа уапсени во една слаткарница во Анкара, метрополата на Турција, додека, наводно планирале да побегнат од прогонот на владата.

Според државната новинска агенција Анадолу, турската полиција извршила рација во една слаткарница во населбата Етимесгут, каде што се сретнале двајца едвокати, еден доктор и еден студент и планирале да заминат од земјата.

Во рацијата, наводно биле запленети 22 илјади турски лири ($6,500) слики за пасош и лични карти кои не им припаѓале на приведените.

За еден од адвокатите и претходно била издадена поттерница поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен, кое владата го товари за организирање на неуспешниот воен удар од 15. јули.

Повеќе од  120 илјади лица се приведени а повеќе од 50 илјади, меѓу кои и академици, судии, доктори, наставници и луѓе од многу други бранши се уапсени како дел од острите мерки на турската влада по неуспешниот воен удар од 15. јули.

Полицијата уапси стотици луѓе кои се обидоа илегално да ја напуштат земјата.

Турската влада не се задоволи со отпуштање на луѓето, таа ги откажа пасошите на илјадници лица и издаде забрана за напуштање на државата како дел од мерките по воениот удар.