М.О. е отпуштен наставник и татко на две деца зааболени од Даунов синром со 92% и 98% рејтинг на попреченост. Тој веќе 4 месеци е во еден затвор во Анталија поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен кое владата на Турција го обвинува за организирање на неуспешниот обид за воен удар.

Сопругата на М.О. зборуваше за порталот Aktifhaber.com. Таа вели дека полицајците ивршиле рација во нивниот дом на 16 септември минатата година и го уапсиле нејзиниот сопруг поради наводни „тајни“ врски со движењето.

„Полицијата дојде на 16. септември. Тие го претресоа целиот дом и ги запленија нашите компјутери и книги. Мојот син, болен од Даунов синдром, беше многу исплашен и несреќен. Поради тоа тој се онесвести. Полицајците го однесоа мојот сопруг и не оставија нас во многу лоша состојба“ изјави сопругата на М.О.

По 15 јули, кога се случи неуспешниот државен удар, Турција се претвори во центар на лица жртви на чистка која ја врши туркста влада. Владеачката партија на Турција и претседател Реџеп Таип Ердоган го обвинија движењето Ѓулен за организирање на обид за државен удар и започна широка чистка насочена кон симпатизерите на движењето кои работат во рамките на државните институции, лишувајќи ги од слобода неговите најпопуларни личности.

Движењето негира било каква поврзаност со неуспешниот воен удар.

Сопругата на М.О. меѓу другото изјави „Откако девет дена беше задржан во притвор, судот донесе одлука за негово апсење и беше однесен во затвор во Анталија. Јас и мојот сопруг сме наставници и ние ја сакаме нашата татковина. Не сме направиле ништо лошо. Оставена сум сама со моите хендикапирани деца кои се соочуваат со големи здравствени проблеми. Моите деца имаат 9 и 4 години.  Едното е со 92 проценти попреченост, другото пак со 98 проценти. Немаме никакво примање, немаме рабoта ниту пак имаме здравствено осигурување. Ништо немаме“ и додате „Никој не сака да ме вработи. Одбиени сме од секого. И да ми даде некој работа, не можам децата сами да ги оставам. Помладиот син секој ден е во се полоша состојба“.

 

Related News