Според експертите за човекови права на Обединетите нации, економските, социјалните и културните права може да се ограниуваат само во случај на вонредна состојба. Мерките кои се преземени од страна на турста влада по 15. јули се далеку од задоволувачки на овие критериуми, нарушувајќи им ги кариерите и животите на десетици илјади лица.
„Разрешувањето на 134 илјади лица од државната администрација поради наводни врски со движењето Ѓулен, без да се започне соосдветен процес и без да им се дозволи минимален надомест за лекување, не може да се оправда судејќи според меѓународните обврски на Турција за човекови права“ рекоа челници на ОН во врска со неделничкиот референдум.
Меѓу експертите кои изразија загриженост за влошувањето на ситуацијата со човековите права во Турција се Филип Алстон, специјалниот известувач на екстремната сиромаштија и човековите права; Дејвид Кеј, специјалниот известувач за унапредување и заштита на правото на слобода на мислење и изразување; Маина Кијаи, специјален известувач за правото на слобода на мирно собирање и на здружување и Куомбо Боли Бери, специјалниот известувач за правото на образование.
При неуспешниот воен удар на 15. јули беа убиени над 240 лица а илјадници други се ранети. Владеачката партија АКП и претседатлот Реџеп Тајип Ердоган по итна постапка и без никакви докази го осудија движењето Ѓулен за организирање на пучот.
Движењето одбива било каква поврзаност со воениот удар. Сепак Ердоган го искористи пучот за да изврши огромна чистка на симпатизерите на движењето од државните институции.
Според известувачи на ОН, првичната цел на владата било да го скрати правото на образование, отпуштајќи и затворејќи илјадници наставници кои работат во училиштата на министерството за образование.
По неуспешниот воен удар во Турција се прогонати над 130 илјади луѓе, меѓу кои и десетици илјади воени лица поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.

Related News