Докажано е дека и во Романија турските имами ги шпионирале сите активности против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и детално ги известувале турските власти.
„Аташето за верски работи при Турската амбасада во Букурешт, Осман Килич, на 27 семптември, минатата година испратил извештај до својот надлежен од Турската Исламска верска заедница во Анкара. Во документот има и листа со 11 училишта, градинки и еден универзитет кои се дел од Образовната институција „Лумина“, која во Романија дејствува уште од 1994. година“ стои во една неодамнешна студија на European Investigative Collaborations.
Лумина е шпионирана поради тоа што е основана од страна на приврзаниците на движењето Ѓулен, кое што турската влада го товари за планирање на неусшпешниот удар од 15 јули.
Според вестта на веб порталот Black Sea, чија база е во Будимпешта, притисокот не е ограничен само со шпионирање, туку турските власти исто така вршеле притисок преку уцени, закани, одбивање на консуларни услуги и други начини.
Одговорните од Лумина тврдат дека уште од јули минатата година институцијата страда од силен прогон и дека родителите се уценувани од страна на турската амбасада. Ова резултирало со отпишување на 140 ученици, се вели во една статија на порталот која датира од 1. април.
Извршниот директор на Лумина рече „Родителите наведуваат дека биле посетени од страна на советници или дипломати од амбасадата и дека им се заканиле дека доколку не ги отпишат своите деца од училиштето, тие нема да бидат примени на универзитетите во Турција“. Тој додаде дека „Дури еден родител бил посетен на своето работно место од страна на челните дипломати од амбасадата. Родителот не можел повеќе да го издржи притисокот и рече дека мора да го отпише своето дете со изговор „не ми даваат друга можност“.
Порталот вели дека поради притисокот „извршен над спонзорите“ Лумина била приморана да го затвори својот „Југо-Источен Европски Универзитет“ во Букурешт. „Институцијата е ко-финасирана од страна на турски и романски компании. Некои сопственици на тие бизниси сега се уапсени во Турција“, вели директорот Ѓурсој, и додава „Од амбасадата на инвеститорите им рекле дека подрувајќи го универзитетот го поддржуваат и тероризмот“.
Критички настроените турски новинари добиваат смртни закани од поддржувачите на Ердоган, а џамиите во Букурешт се под обсервација од страна на Турската ИВЗ.
Осман Килич ја известува Турција дека неколку теолози, поддржувачи на движењето Ѓулен се остранети од нивните должности во две џамии во Букурешт.

Related News