Хаџер Чакмак е само една од стотиците илјади луѓе кои се соочуваат со огромни проблеми откако владата почна остри мерки против движењето на Ѓулен во периодот по неуспешниот државен удар од 15. јули.
Таа е мајка на три деца и сопруга на Сејфулах Чакмак, турски судија кој веќе 270 дена е уапсен во затворот Кандира. Две од трите деца на Чакмак се со посебни потреби.
Нејзините две деца со посебни потреби страдаат од генетска болест и тие се во постојана вегетативна состојба, но тие не се во можност да имаат корист од јавното здравствено осигурување, откако банкарската сметка на таткото и личните средства се одземени, а неговата здравствена покриеност беше откажана.
Хаџер испрати писмо до новоформираната веб страница justiceheldhostage.blogspot.com, која се стреми да биде гласот на жртвите од неуспешниот воен удар.
Ова е целиот текст на писмото:
„Писмо од Хаџер Чакмак, сопруга на Сејфулах Чакмак:
Мојот сопруг Сејфулах Чакмак, поранешен јавен обвинител во провинцијата Коџаели, е приведен на 17 јули и е однесен во вториот затвор на Коџаели кој е од типот „Т“. Toj e затворен околу 270 дена како дел од истрагата за ФЕТО.
Последните 37 дена тој е држан во самица. Само еден час дневно може да излегува на свеж воздух и не му е дозволено да ги извршува своите најосновни вежби заедно со другите затвореници.
Имаме три деца, две од нив се приковани за кревет и имаат посебни потреби.
Јас сум домаќинка, мојот сопруг беше разрешен од неговата професија. Јас немам никаква социјална заштита. Немам ниту имот ниту пак придонеси. Единствено што поседуваме е количката на син ми. Целото време од нашиот 18 годишен брак нѝ помина низ болничките ходници.
Првиде седум години немавме деца. Нашите близнаци починаа на 9 ноември 2005 година. Ова беше нашиот петти обид да имаме дете од епрувета. Седмиот обид беше успешен и нашата ќерка се роди на 29. сепември 2007. Нејзе и беше дијагностицирана ‘nonketotic hyperglycinemia’, наследно метаболно нарушување. Таа сега има девет години и има потреба од посебна нега. Таа е приковани за кревет и прима инфузија за нејзиниот стомак.
Нашето единствено здраво дете, Тугче Сехер е родена на 23. март 2009 год.
Во 2013. бев бремена на третото дете. Од дваесеттиот месец на бременоста, помеѓу септември 2013. и 29 јануари 2014 бев принудена да останам во болница поради проблеми на отворот на матката. Го родив Омер Сејфетин, но и тој беше болен како неговата сестра и моравме да останеме уште еден месец во болница. Во текто на овој период тој беше во болница. Во грижата на моите деца најголема помош беше мојот сопруг, сега тој е во затвор. Поради нејзината тежина не можам да ја кренам мојата ќерка Тугба и да ја избањам. Може ли да ми каже некој што треба да правам?
Нашето време поминува на релација дома-болница. Од 40 до 60 дена годишно лежиме во болничките кревети.
Мојот сопруг е голем алтруист. Тој одделува доволно време за неговите деца, додека се труди на најдобар начин да ја извршува својата должност. Тој е прекрасна личнос кој работи премногу и е почитуван меѓу другарите и колегите. Иако покажа таква личност, тој е уапсен поради обвинениза за, наводно, членување во вооружена терористичка организација и кршење на уставот. Ниту еден од обвиненијата не може да му се препише на мојот сопруг. Нашиот светго вклучува нашиот дом, болница, и само децата.
Ниту едно од двете судски и админисративни збирки на истрагата не содржи било какви суштински докази, факти или кривично дело. Неговото апсење е казна насочена кон нас. И неговоо разрешување не е фер исто така. Со неговиот неизцрпен труд ја покажа својата искреност кон професијата, дека е успешна личност со слободна волја. Неговото професионално минато и кариера се полни со успеси. И покрај тоа, тој не се залагал за никаква позиција. Тој не е член на ниту една група и не припаѓа на ниту една политичка партија. Моќта на законот и јавниот поредок се единствената насока која ја следи и сега ја плаќа цената со разрешување и апсење.
Мајка ми има 72 годин и преживеала срцев удар поради што не може да оди. Таткоми има 79 години и се грижи за неа. Сестра ми е болна од епилепсија. Сите мои најблиски, освен братот на маж ми, се мртви. Сега сум сама и немам никого.
Мојот сопруг нема никаква врска со тие кои учествувале во неуспешниот обид за пуч. Апсењето на некој кој се грижи за две немоќни деца е казна за нив и сите нас,
Ве молам слушнете го нашиот глас бидејќи немаме никого.
Во Турција судиите и обвинителие не можат да носат исправни одлуки основани врз принципите на законот бидејќи со тоа би биле осудени дека се членови на ФЕТО. Тие гледаат во нашите очи и велат ‘нема што да правиме’.
Тој е ставен во самиц иако никогаш не добил дисциплинска мерка. 37 дена е таму и, верувајте, не знам што да правам.
Од една страна две деца заковани за кревет, од другата страна сопруг во самица. Ви пишувам како последна надеж.
Се надевам дека ќе ме сфатите и дека ќе ми помогнете.
Со почит,
Хаџер Чакмак

Related News