Омер Фарук Гергерлиоглу, лекар, колумнист и поранешен шеф на Здружението за човекови права и солидарност за угнетените (MAZLUMDER), рече дека владата му забранува дури и поставување нога во јавни згради, откако тој беше разрешен од една државна болница во Кочаели со владин декрет.

Во извајавата за КРТ ТВ Гергерлиоглу рече дека минатата недела, при посета на училиштето на неговите деца, му било соопштено дека гувернерот побарал од директорот да му забрани пристап во училиштето.

Гергерлиоглу тврди дека бил отфрлен и од училишниот совет на родители и наставници само заради тоа што бил ибркан со владин декрет.

„Не’ третираат како лепрозни. Го контактирав бирото за односи со јавноста на премиерот (BIMER) во врска со забраната. Во писмо од гувернеркста канцеларија стои дека нѝ е забранет влез во сите јавни унституции. Значи, сега сега не можам да влезам ниту во болница ниту пак во судската палата? Од BIMER велат дека сеуште нема одговор за моето барање“ изјави Гергерлиоглу за Пост њус портал.

Гергерлиоглу додаде дека не му било дозволено ниту зачленување во фондсација која е формирана со цел да се изгради џамија во неговото соседство.

Над 130 илјади лица се приведени поради наводна поврзаност со неуспешниот државен удар.

Related News