Ние сме мала група на млади новинари кои се обидуваат да бидат гласот на турскиот народ, кој страда под еден угнетувачки режим.

Сите ние имаме свои лични стории кои не поттикнаа да ја отвориме оваа веб-страница. Некои од нас имаат затворени семејства, некои имаат тортурирани  другари, некои пак лично биле прогонети од страна на владата во текот на вонредната состојба.

Меѓу нас некои веќе живеат надвор од Турција, некои пак едвај успеаа да побегнат од земјата.

Ете, тоа сме ние… Група од млади новинари која го поседува сето она што треба да ја отврои оваа страница: новинарски способности, веб-шаблон од педесетина долари и волја за борба против тиранија.

Поради јасни причини избравме да не ги откриваме нашите имиња. Да, можеби ние не сме концетрирани на нашите животи, но секој од нас има семејство во Турција. Кога владата не може да подесе критични новинари, или некој кој смета дека владата е предавничка, тогаш секој има право да се плаши дека неговите родители, браќа, сестри и деца ќе бидат присилени да го издадат.

Сториите кои ги читате на оваа страница се вистинити. Секоја сторија поминува низ неколку нивоа на проверки. Ги објауваме само тие приказни кои сме ги идентификувале како вистинити. Според праксата не објавуваме приказни за кои немаме доволно веродостојни извори.

Новинарството, никогаш не било злосторство ниту пак некогаш ќе биде.

Нашата методологија

Прогонот во Турција е дел од политичката тиранија која ја спроведуваа турската правда и владата водена од страна на „Партијата за правда и напредок“ (АКП) и турксиот председател Реџеп Тајип Ердоган. Прогонот започна веднаш по неуспешниот и измислениот пуч на 15 јули 2016 год. Кампањата во голем размер се состои од прогон на цивилни лица и државни службеници кои државата ги обвинува за врска со верскиот службеник Фетулах Ѓулен кого владата го обвинува за организирање на воениот удар, за влијание во полицијата и затворите, за тортура во истите и за неразјаснетите убиства во нив.

www.turkeypurge.com е веб-сајт кој е основан со цел следење на широкиот лов на вештерки во Турција.

На насловната има актуелен биланс на оштетени академици, воени и полициски офицери, владини службеници и бирократи.

Нашите пресметки се базирани врз три главни извори:

1-www.resmigazete.gov.tr/eskiler/2016/09/20160901M1-1.htm

2- https://freedomforturkishacademics.wordpress.com

3-https://cpj.org/blog/2016/09/authorities-prevent-journalist-wife-from.php

Ние исто така сме следеле приказни од луѓе кои се приведени и уапсени после 15 јули.
Ивор:

1- http://www.haberturk.com/gundem/haber/1298492-fetoden-tutukalanlar-ve-gozaltina-alinanlar-19092016

Ние исто така ги следиме здруженијата, фондациите, училиштата, интернатите и универзитетите кои се затворени по 15 Јули. Извор:

1- http://www.resmigazete.gov.tr/eskiler/2016/07/20160723-8.htm

Ги следиме и медиумите и новинарите кои се затворени по 15 јули. Извор:

1-http://platform24.org/medya-izleme/1702/olaganustu-h-l-de-gazeteciler—16

2- http://www.zamanaustralia.com.au/2016/07/ohal-karari-ile-medyaya-darbe-iste-kapatilan-yayin-organlari/ Turkey Purge

Share This