Провладиниот турски дневен весник Сабах, во саботното издание објави дека Катар протерал 45 турски граѓани, поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен, кое владата на Турција го товари за организирање на неуспешниот воен удар на 15. јули минатата година.

 

И покрај тоа што движењето ги отфрла сите обвиненија, сепак над 120 илјади лица се најдоа позади решетки поради сомнение за поврзаност со движењето.

Весникот тврди дека двајца од тие 45 лица се приведени на аеродромот во Истанбул. Тоа е академикот Зекерија Озчевик и неговата сопруга Дерја Озчевик.

Професорот на катедрата за англиски јазик и литература при Катарскиот универзитет, Зекерија беше ставен во притвор поради членство во терористчка организација, додека пак неговата сопруга е однесена на медицинска контрола.

Турската влада, движењето Ѓулен го прогласи за терористичка организација и претседателот Реџеп Тајип Ердоган побара од странските држави да го сторат истото.

Ова не е прв пат една земја да депортира луѓе по барање на турската влада, како дел од „ловот на вештерките“.

Во мај, Саудиска Арабија, Малезија, Грузија и Мјанмар протераа многу академици, бизнисмени и раководители на училишта по барање на турската влада, и покрај тоа што многу од нив веќе имаа статус на бегалци на ОН.

Турција беше на страната на својот долгогодишен сојузник на Катар, откако земјата се отцепи од големите арапските земји од Заливот на 5 јуни 2016 година.

Related News