Стокхолм центарот за слобода(СЦФ) прими веродостојни пријави за масовна тортура и малтретирање во еден неофицијален центар за притвор во Анкара, главниот град на Турција, се вели во извештјот на организацијата објавен на нивниот офифијален веб-сајт.
Веб-страница раководена од страна на група адвокати кои имаат сознанија за случаи на притвор на околу илјада лица кои биле тортурирани и матлетирани минатата недела од страна на полицијата во една спортска сала која била дел од еден притворен центар, во близината на Анкара. Објектот, кој е во сопственост на државниот Водовод, бил користен за вербална и физичка тортура врз жртвите, вклучувајќи и смртни закани, силување, ковање за крст и прскање со студена вода.
Адвокатите, кои го задржаа своето право на анонимност, за СЦФ изјавија дека мажите не се само дел од тортурата, полицајците им се заканувале дека ќе ги силуваат нивните ќерки и сопруги. На женските жртвите директно им се заканувале со силување.
Еден осомничен на својот адвокат му рекол „Во текот на распитот ги слушнав сите можни пцовки ротив моето семејство. Ми се закануваа со силување на членовите од семејството. Тука сме изложени на секој видж насилство и физичко малтретирање. Видов еден човек кој имаше црно око. Еден друг човек видов како оди многу тешко поради тоа што полицајците му ставиле палка во аналниот дел. Многу жртви имаат лузни од малтретирање на нивните тела. Еден доктор подготвил извештај со кој се документира тортурата, но полицијата се обидува да го фалцификува датумот на неговото објавување“.
Истата жртва додала дека „Слушнавме дека малтретирањата ќе продолжат уште долго време, но нѝ беше речено дека на полицијата ѝ се брза бидејќи очекувале да пристигнат уште илјадници други приведени во наредните недели. Им требало место за новодојдените. Тоа е причината за зајакнатата тортура и малтретирање со што жртвите ги претвораат во нивни информатори“.
Адвокатите исто така тврдат дека во спортската сала има само еден тоалет за стотиците приведени кои се држат во нечовечни услови. Тие сите се приморани да лежат на подот, еден до друг, спиејќи врз парчиња од човечки отпадоци. Тие исто така се убедени дека условите на притворниот центар се уште полоши бидејќи имаат многу ограничен број на информации за приведените.
Минатата недела, турското обвинителство издаде налог за апсење на уште 4,900 лица поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен. 1009 лица се уапсени во минатиот четврток во симулирани акции низ 72 провинции низ Турција.
Листата била изготвена од страна на Турската разознавачка служба (МИТ), која своите граѓани ги профилира преку нивните политички определувања и идеологии.
Поради немање доволно докази за нивното апсење, полицијата ги измачува приведените за да извлече од нив присилно признание, кои во многу случаеви присилно потпишуваат изјава која била претходно подготвена.
Приведените, повеќето образовни работници, се обвинети за наводно членство во движењето Ѓулен, кое е критично настроено кон режимот на Реџеп Тајип Ердоган.
Осомничените се апсени без знаење на нивните адвокати, и биле испрашувани без да им се дозволи пристап на адвокатите.
Минатата година беа отриени доверливи документи на владата каде што јасно се гледа дека турската полиција формирала затвори на неофицијални места низ целата држава. Очигледно поради загриженоста од посетата на делегацијата од Советот на Европа (CoE), Комитетот за заштита од тортура (CPT) која изврши инспекција помеѓу 28. авг. и 6. сеп. 2016 год. по што заменик начелникот на турската полиција ги предупреди сите за посетата и нареди да се користат спортските сали додека делегацијата престојува во земјата.
Официјалните лица исто така побарале од турската полиција да ги почитува меѓународните закони за притворање додека делегацијата била во Турција и им наредиле сите притворни центри да ги подготват за инспекцијата, што е можно побрзо.
Меѓу локациите за кои медиумите јавуваат дека е спроведувано малтретирање и злосторство врз затворениците се: Ајаш затворот во Анкарската област Синџан, седиштето на анкарска гимназија, гимназијата на полициската академија во Анкара, седиштето на специјалните сили во анкарската област Ѓолбаши, самиците во истанбулскиот затвор Силиври и анкарскиот Синџан, магацинот позади седиштето на анкарската полиција, полициската академија Гаффар Окан и гимназијата Баглар во Дијарбакир. Собата веднаш до салата за состаноци на притворените со нивните адвокати во полициската станица Ватан во Истанбул, исто така се претпоставува дека е ваква локација.
И покрај обидите на турската влада за уништување на аудио записите на малтретирањата, сепак ЦПТ верува дека поседува документи со докази на сериозни малтретирања и злоставувања. Ова е причината зошто турската влада не дозволува извештаите од посетата да бидат јавно достапни.
Во декември 2016. година, Специјалниот известувач на ОН за тортура Нилс Мелзер зборуваше за средина погодна за тортура по неуспешниот државен удар во Турција на 15 јули 2016 година. Тој истакна дека Турција не поведе истрага со која ќе се следи тортурата. Посетата на Малзер над Турција е прва посета на еден експерт за тортура на ОН по 1998. година и се случи само неколку месеци по истрагата на Хуман рајтс вач (ХРВ) насочена кон турската полиција. Во својот 43 страничен извештај „Бланко чек: Турската пос-државна суспензија на заштитните мерки на тортурата“ објавен на 27. октомври, ХРВ забележа 13 инциденти на малтретирање во Турција по државниот удар. Наводните случаи на злоупотреба се движат од употребата на стрес позиции и лишување од сон до тешка тепање, сексуална злоупотреба и опасноста од силување.
Амнести интернешнл изјави дека на 24 јули примиле евиденција на грозно малтретирање, тепање и силување во притворите по 15. јули
Потврдувајќи ги злосторствата, претседателот на Асоцијацијата на модерни адвокати (ЧХД) Селчук Козаагачли на генералното собрание на Адвокатската комора на 16. октомври во Анкара рече дека луѓето затворени како дел од владините мерки за движењето Ѓулен се систематски измачувани на повеќе варварски начини, вклучувајќи и силување, отстранување на ноктите и вметнување на објекти во нивните ануси.
„Тие ги тргаат ноктите на колегите [за време на притворот] во полициските станици. Верувајте ми, видов луѓе кои биле подложени на колостома откако тие биле малтретирани со предмети вметнувани во нивните ануси во затворот и полициските станици “, рече Козаагачли.
Според еден извештај на СКФ од 22. март 2017 под наслов „Сомнителни смртни случаи и самоубиства во Турција”, има зголемување на бројот на самоубиствата и сомнителните смртни случаи во Турција, од кои повеќето се случиле во турските затвори и центри за притвор каде се спроведува тортура и лош третман.
Во повеќето од 54 случаи наведени во извештајот, (кој подоцна беше надграден со листа од 60 случаи) властите заклучиле дека тие биле самоубиства, без никаква ефективна, независна истрага. Сомнителните смртни случаи, исто така, се случија надвор од ѕидовите на затворот во услови на психолошки притисок и закани за претстојното затворање и мачење, а понекогаш и по ослободувањето на осомничените или непосредно пред нивниот притвор.
Според изјавата на министерот за внатрешни работи, Сојлу на 2. април, од вкупно 113.260 приведени лица во рамки на истрагата за движењето на Ѓулен поради обид за државен удар на 15. јули, 47.155 беа ставени во притвор. На 6. мај, турскиот министер за правда Бекир Боздаг рече дека 149.833 луѓе биле испитани и 48.636 биле затворени, како дел од истрага насочена против движењето Ѓулен од 15-ти јули минатата година.

Related News