Несупешниот воен удар, кој се случи во јули минатата година, пред светот Турција ја престави како земја на тортурата каде што малтретирањето продолжува да се користи како метод за поттиснување на политичката активност во земјата, се вели ви изјавата на Фридом фром Тортур, наблидувачко тело со седиште во Велика Британија.
Наблидувачкото тело неодамна објави детален брифинг врз основа на 60 медицинско-правни извештаи, документирање на тортурата во турските затвори во периодот помеѓу 1992 и 2015 година.
Во извештајот голем број на методи на тортура се опишани во вкупно 60 случаи, од кои поголемиот дел се вклучени мажи под 40-годишна возраст од курдско потекло.
Исто така, се опишани најмалку 17 различни објекти на полицискиот притвор, од кои најмногу се спомнува истанбулската полиција со седиште на ул Ватан.
Сите 60 жртви кои имаа траума признаа примена на сила и рекоа дека обично се тепани со тврд предмет, додека 77 отсто велат дека биле предмет на сексуална тортура. Во 63 проценти од сите случаи, жртвите изјавиле дека биле малтретирани со електрични шокови, а 58 отсто тврдат дека биле малтретирани со силен притисок на ладна и топла вода.
„Други пријавени методи на тортура вклучуваат и фалака (тепање на стапалата), задушување, изгореници, употреба на сила и потсмевање. Во најмалку три случаји затворениците биле качувани на врвот на една зграда и им се закаанувале дека ќе ги фрлат да умрат“ се вели во извештајот.
„Сепак, луѓето тортурирани во периодот по државниот удар сеуште не ги пријавиле своите случаји во „Фридом фром Тортур“, поради долгиот период на извршување на тортурата и прегледот на нашите доктори форезничари. Ова меѓудругото се должи и на периодот потребен да се побегне од тортурата, да се излезе од државата, да се дојде до Велика Британија и да се пријави тортурата во нашата наблидувачка организација“ се додава во извештајот.
„Фридом фром Тортур“ (Слобода од тортурата) е организација за заштита на човекови права со седиште во Велика Британија која ги рехабилитира и лекува жртвите на тортурата. Организацијата нуди помош и сервис во Англија и Шкотска на илјада преживеани лица од тортурите во текот на една година. Во помошта се вклучени психичка и физичка терапија, судска документација за тортурата, правни и социјални совети и креативни проекти.
Целосниот извештај: https://www.freedomfromtorture.org/news-blogs/9471

Related News