Во затвор почина 74 годишниот бизнисмен Реџеп Ердем, кој е уапсен поради наводни врски со движењето Ѓулен, , а неговите синови кои исто така се уапсени, на погребот можеа да присуствуваат само со лисици. Тој починал откако претрпел срцев удар.
Според локалните медиум, Ердем бил префрлен во болницата на Ерзурум откако на почетокот од април во затвор доживеал срцев удар. Тој починал по неусшпешната терапија. Неговите веќе уапсени синови, Исмаил и Ибрахим на погребот дошле со полициско присуство.
Синовите дури и на погребот биле врзани со лисици на рацете.
Сите тројца биле уапсени како дел од острите мерки на Турската влада против движењето Ѓулен, кое се товари за организирање на неуспешниот воен удар. Исмаил е еден од партнерите на истакнатиот ланец на маркети ТЕМА, пред владата да го заплени. Тој е уапсен во Август минатата година.
Според медиумите, Реџеп Ердем е сопственик на приватно училиште.

Related News