Претходно отпуштен како дел од мерките на владата по државниот удар, наставник од градот Малатја со иницијали Џ.К. бил приведен додека бил во посета на уапсен роднина.
Како што јавува Турската национална новинска агенција Anadolu news agency наставникот бил во посета на роднина во затвор во Малатја. Наставикот бил приведен откако затворските чувари ја повикале полицијата и го пријавиле. Медиумие јавуваат дека полицијата распишала потерница по Џ.К. Сепак, не е познато дали Џ.K. бил свесен за тоа или не.
И Џ.К. како и неговиот роднина бил уапсен поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен, кое владата го товари за организирање на неуспешниот државен удар.
Турција притвори над 115 лица и уапси над 48. 500 наводни приврзаници на движењето Ѓулен по неуспешниот државен удар од 15. јули.

Related News