Колумнистот на весникот Јени Асја, Казим Ѓулечјуз во својата колумна објави писмо на син на полициски офицер, кој е уапсен поради наводно користење на контраверзната телефонска апликација ByLock. Тој тврди дека користел обичен телефон, кој не ја поддржува оваа апликација.
„Јас сум студент по социјологија. Татко ми беше полицаец со 22 годишно искуство. Беше отпуштен со одлука на владата бр. 672. Тогаш беше приведен поради наводно користење на ByLock. Но татко ми користеше класичен мобилен телефон, што значи дека не е можно да ја користел оваа апликација“ вели синот во своето писмо.
На 15. јули Турција помина низ еден неуспешен обид за државен удар. Таа вечер животот го загубија 240 лица а уште илјадници други се повредени. Владата и претседателот Реџеп Тајип Ердоган по итна постапка го обвинија движењето Ѓулен за организирање на воениот удар.
Десетици илјади државни службеници, полицајци и бизнисмени или биле отпуштени или уапсени за користење ByLock по неуспешниот обид за државен удар во јули минатата година.
Ѓулечјуз сподели и едно писмо на семејство на војник, кој на 8. април бил приведен поради користење на апликацијата, и покрај тоа што користел класичен мобилен телефон.

Related News