Според едно видео споделено на социјалните мрежи турско семејство е уапсено од страна на украинските власти и е чувано во една соба на аеродромот Бориспил во Киев, чекајќи да биде депортирано во Турција.
Таткото Али Јилдиз, на едно видео кое го сподели на својот Твитер профил во саботата вели дека доаѓаат од Банкок и дека биле стопирани во Киев, чекајќи го летот за Казабланка.
„Се викам Али Јилдиз. Веќе 3 дена сум затворен во оваа соба. Дојдов од Банкок како турист. Јас сум турски државјанин. Украина не бара виза за турските граѓани. Сега сме на меѓународниот аеродром во Киев. Два војника ме чуваат надвор. Вчера имаше лет од од Киев за Казабланка. Не ми дозволија да одлетам. Ми рекоа „ќе те вратиме назад во Банкок. Како и да е, денес дојдоа двајца полицајци и ми рекоа дека нема да можам да летам. Ги прашав „Зошто не можам да летам?“ ми одговорија „Можете да одлетате само во Турција, Истанбул“.
Во следното видео Јилдиз вели дека не сака тој и неговото семејство да бидат вратени во Турција.
„Не знам која е причината и зошто сето ова се случува. Ве молам, помогнете ми!“ вели Јилдиз.
Се смета дека семејството Јилдиз има наводни врски со движењето Ѓулен, кое турските влати го обвинуваат за организирање на неуспешниот воен удар од 15. јули.
На 15. јули Турција претрпе воен удар при кој погинаа 240 лица и илјадници други беа повредени. Ердоган и турската влада по итна постапка го обвинија двиѓењето Ѓулен за организација на овој воен удар.
Движењето негира било каква поврзаност со воениот удар.
Ердоган ги повика сите земји да ги казнат „Ѓуленистите“. Само неколку земји, меѓу кои Саудиска Арабија, Малезија и Грузија се одзваа на овој повик.
Еден од примерите е и М. Фуркан Сокмен, турски наставник во две училишта на движењето Ѓулен во Мјанмар, кој беше насилно вратен во Турција, и покрај неговите повици за помош.
Во саботата тој беше насилно вратен на аеродромот во Истанбул и приведен од страна на турската полиција.
Сокмен го повика „целиот свет да му помогне“ во едно видео ое го сподели на социјалните мрежи само неколку минути пред полицијата на Мјанмар да го предаде на турските челници на аеродромот во Банкок.
Претходно Сокмен сподели видео каде што се гледа дека тој, неговата сопруга Ајше и ќерката Сибел се приведени од страна на бирото за емиграција од каде што им рекле дека турската влада ги откажала нивните пасоши.
Според националната новинска агенција „Анадолу“ Сокмен најпрвин бил насилно пренесен во Банкок, Тајланд.

Related News