Антонио Тајани, претседателот на Европскиот парламент, во понеделникот изрази длабока загриженост за можните планови на Турција да се одржи јавен референдум за враќање на смртната казна, велејќи дека таквиот потег ќе биде црвена линија за ЕУ.
Откако ја прогласи победата на референдумот што во голема мера ги прошири неговите овластувања, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неделата навести дека е дојдено време за Турција да разгледа повторно воведување на смртната казна.
Ердоган својот победнички говор во неделата навечер го искористи да открие дека “веднаш” ќе разговара со премиерот Бинали Јилдирим и лидер на националистичката опозиција за враќање на смртната казна.
„Ако легислативата дојде до мене јас ќе ја одобрам“ рече Ердоган и продолжи „Но доколку парламентот не ја поддржи… тогаш нема што да се прави“.
„Тогаш можеби ќе имаме уште еден референдум“ додаде тој.
“Многу сме загрижени за споменување на евентуалниот референдум за смртната казна во Турција. Црвена линија за Европската унија “, пишува Тајани во порака на Твитер во понеделникот во реакција на коментарите на Ердоган.
Турција ги започната преговорите за влез во ЕУ во 2005 година, а во 2004. ја укина смртната казна како дел од реформите на Европската Унија.
Дебатата за смтната казна повторно започна по неуспешниот државен удар на 15. јули 2016.
Неколку официјални претставници на ЕУ изјавија дека во случај Турција да ја врати смртна казна, Унијата ќе ги запре преговорите за членство.
Во друга порака, Тајани изјави дека е ја чека оценката од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права на турскиот референдум.
“Апелирам до Турција како земја-кандидат да го почитува владеењето на правото и основните права”, додаде тој.

Related News