Владата ги приведе и децата на Неџат Атила Демирхан, бригадер уапсен во акциите по неуспешниот воен удар.
По наредба на јавниот обвинител во Мерсин уапсени се Т.Д. и Н.Р.Д , двата сина на уапсениот бригадер. Тие и двајцата се студенти и приведени се како дел од острите мерки на турската влада по неуспешниот воен удар од 15 јули насочени кон движењето Ѓулен поради наводно користење на мобилната апликација ByLock.
ByLock е мобилна апликација која што турската влада ја смета за главно комуникациско срество на движењето Ѓулен.
Десетици илјади цивили, службеници, полициски офицери и бизнисмени се уапсени или отпуштени поради користење на ByLock.

Related News