Затворени новинари на турските весници „Џумхуријет“ и „Созџу“ тврдат дека нема да ги носат затвореничките облеки наменети за затворениците кои се товарат за членство во движењето Ѓулен. Ваквиот став тие го соопштија преку други двајца колеги кои ги посетија во затворот.

Според вестта на TR7/24, претседателот на Турската новинарска асоцијација (TGC), Тургај Олџај и претседателот на Прес Советот на Турција, Пинар Туренч ги посетија притворените новинари на Џумхуријет и Созџу, за прв пат по девет месеци притвор.

Туренч вели дека разговарала со генералниот уредник на Џумхуријет, Мурат Сабунџу, колумнистот Кадри Гурсел, репортерот Ахмет Шик и репортерите на Созџу, Гокмен Улу и Медиха Олгун. Таа им кажала дека владата дизајнирала посебна облека за обвинетите членови на движењето Ѓулен. Горенаведените новинари се приведени под истото обвинение.

„Тие тврдат дека нема да ги облечат тие облеки, дури и да се соочат со последиците поради тоа“ рече Туренч во нејзината изјава.

Таа нагласи дека девет и пол месеци се труделе да добијат дозвола за посета на затворените новинари.

„Сите наши барана беа одбиени од страна на поранешнито министер за правда Бекир Боздаг. Добивме дозвола дури откако се смени министерот. Среќни сме што ги гледаме во добра здравствена состојба“ речеТуренч.

Минатата недела министерот за правда, Абдулхамит Ѓул, рече дека ако се усвои предлогот на владината регулатива за униформите за осомничените за државен удар, околу 50.000 униформи ќе бидат сошиени од затвореници, а потоа ќе бидат испратени во затвори каде што ќе бидат осомничените во случаите за следбениците на движењето Ѓулен.

„Неодамна разговаравме со господинот Премиер. Тие треба да носат униформи како што прават во Гвантанамо [затвор] кога одат на суд“ изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Новинарите на везникот Џумхуријет се приведени од страна на Крвичниот суд на Истанбул на 5 ноември 2016. Аталај е приведен на аеродромот Ататурк, додека се враќал од Германија, а уапсен е на 12 ноември истата година. Новинарите на Созџу се приведени на 26 мај, поради наводно помагање на движењето Ѓулен. Мора да се наведе дека и двата весника идеолошки се спротивни со движењето Ѓулен.

На 28 јули, истанбулскиот суд приведе седум новинари на Џумхуријет, додека пак за други 5 се води истрага.

(Turkish Minute)

 

Related News