Досега се пријавени седум мистериозни исчезнувања во Турција со кои се овозможува истребување на опозициски групи во периодот по неуспешниот државен удар од 15. јули минатата година.

Според порталот Актиф Хабер, сите седум лица имаат едно нешто заедничко: сите се отпуштени со вонредна одлука на владата. Турската влада почна да спроведува остри мерки против своите противници, особено против следбениците на движењето Ѓулен.

Турската влада го посочува движењето Ѓулен како единствен виновник за крвопролевањето на 15. јули и се обидува да ја престави групата како „вооружена терористичка организација“. Додека од една страна движењето ги одбува сите обвинувања, наведувајќи дека е цивилно-социјална организација која се обидува да им помогне на луѓето преку едукација, бизнис и добротворни дела, турската влада ги прогонува наводните членови на организацијата со цел да ја разоткрие нејзината структура.

Улични видео снимки и случајни минувачи сведочат дека најмалку двајца од жртвите биле насилно внесени во возила на непознати лица. Во меѓувреме,семејствата на жртвите тврдат дека полицијата во повеќето случаји не сака да соработува.

Двајца наставници, универзитетски службеник, двајца претставници на Агенцијата за разузнавање, вработен на информатичко-комуникациски технологии орган (BTİK) и вработен во орган за авторски права се меѓу изчеснатите лица.

 

Џенгиз Уста, виден пред 17 дена

Џенгиз Уста, наставник во државно училиште во Измир, кој е отпуштен со одлука навладата во текот на вонредната состојба, е исчезнат од 4. април, во истата недела кога беа исчезнати и двајца едукативни професионалци.

Уста  работел како наставник во основното училиште Џумхуријет, во месноста Торбали во Измир. Тој е отпуштен на 1. септември со одлука на владата.

„Брат ми ја оставил ќерка си дома и отишол да ја плати сметката за одржување на лифтот. Сеуште не е вратен дома. Сведоци велат дека брат ми бил насилно внесен во кола на улицата Абдукладир. Полицијата има снимка каде што јасно се гледа ова“  тврди братот на Селим Уста за локалните медиуми.

Ондер Асан, не е виден веќе 20 дена

41 годишниот наставник по филозофија Ондер Асан последен пар бил виден на 1. април на улицата Шентепе во Анкара, тврди неговата сопруга Фатма Асан.

Порталот Актиф Хабер јавува дека Ондер работел како наставник по филозофија во едно приватно средно училиште, кое било затворено поради наводна врска со движењето Ѓулен.

Фатма вели дека е пронајдена колата на нејзиниот сопруг во близина на Шентепе. Тркалата од автомобилот биле издишани и уништени. Таа исто така вели дека полицијата не соработувала со неа, иако до полицијата и обвинителот биле доставени снимки од улични камери каде што јасно се гледа киднапирањето на нејзиниот сопруг.

Тургут Чапан, изчезнал пред 21 ден

Тургут Чапан е поранешен службеник на универзитетот Тургут Озал, кој владата го затворила по неуспешниот воен удар на 15. јули, поради наводни врски со движењето Ѓулен.  Ова го соопштува неговата сопруга Улку Чапан преку својот Твитер прфил.

Таа исто така сподели видео каде што детално го опишува настанот. Таа рече дека кај нив дома дошол пријател на сопругот и ѝ рекол дека Тургут е киднапиран.

Според Махмут Озпинар, поранешен академик на затворениот универзитет Тургут Озал, Чапан бил одговорен за одделот на култура, спорт и уметност.

 

Месут Гечер, исчезнал пред 50 дена

Месут Гечер работел во Националната агенција за разузнавање (МИТ), пред да биде разрешен од функцијата како дел од мерките на владата во периодот на постдржавниот удар.

Неговиот автомобил бил стопиран и тој бил насилно киднапиран во анкарската населба Чакирлар кон крајот на март оваа година.

Според вестта на Актиф Хабер, семејството на Гечер имало тешкотии дури и кога го пријавувало случајот во полиција. Службениците не сакале да соработуваат со нив.

Хусејин Котуџе, изчезнал пред 81 ден

Хусеин Котуче, вработен BTİK, наводно, бил киднапиран на паркингот на метро станицата Батикент во Анкара откако излегувал од работа во Февруари, оваа година.

Неговото палто и една торта се најдени во автомобилот на Гечер паркиран на паркингот, вели неговото семејство.

И покрај последователните барања, полијата одбива да изврши увид на лице место и на камерите на паркингот.

Мустафа Озѓур Ѓултекин, изчезнал пред 120 дена

Мустафа Озѓур Ѓултекин, персонал на Зружението за авторски права, бил следен од страна на четири лица кои насилно го турнале во автомобил пред една продавница во Бештепе, Анкара на 21 декември минатата година околу 18 :15 часот

Веднаш откако излегол од продавницата, тој бил окружен и нападнат од страна на група луѓе кои насилно го турнале во автомобил од марка Воцваген Транспортер со затемнети стакла.

Членовите на семејството успеала да стигнат до снимки на кои јасно се гледа како Ѓултекин бил насилно киднапиран и однесен во непознат правец.

Ајхан Оран, изчезнал пред 171 ден

За МИТ почал да работи во 2005 година, а бил разрешен на 2 август поради сомнение за врска со движењето Ѓулен.

Последен пат бил виден на 1. ноември минатата година во 12:38 часот додека излегувал од заградата во која што живеел. Сигналот на неговиот телефон бил исклучен пред 16 часот. Поради тоа што немал кредит во телефонот, тој неможел дури ни да и се јави на својата сопруга пред илегување, рече Сајги Озтурк колумнист на весникот Созџу

Оран работел во Ширнак и Дијарбакир провинција на Турција, како и во Грција.

Во меѓувреме, левичарскиот весник Евренсел објави дека е претепана Зејнеп Тунчел, нивна читателка и дистрибутерка. Таа тврди дека е претепана од страна на група напаѓачи поради нејзиниот став против владата.

Во Анкара е пријавено изченување и на Сунај Елмаз кого семејството не го видело веќе 450 дена. Според вестта на Актиф Хабер, и Елмаз е киднапиран од страна на напаѓачи со возило Волсцваген Транпортер со затемнети стакла.

 

Related News