Судот на Бурса минатата недела донесе одлука за продолжување на затвор казната на обвинител кој во септември минатата година бил пронајден мртов во својата ќелија.
Според вестта на турксиот медиум Хабердар, судот одлучувал на брање за ослободување, седум месеци по смртта на Сејфеттин Јигит.
47 годишниот јавен обвинител бил приведен во август минатата година, како дел од актуелниот „лов на вештерки“ против движењето Ѓулен. Во септември беше пронајден обесен во затворската бања.
Јигит беше еден од обвинителите кои ја надгледувале истрагата за наводите за изборни нерегуларности во Управата за развој на домувањето на Турција (ТОКИ) кон крајот на 2013 година, историската година кога четири министри од владата на Реџеп Тајип Ердоган и нивни синови беа вмешани во скандал за мито и корупција.

Related News