Една жена во турскиот град Кајсери сеуште се држи под притвор само неколку дена пред породување и покрај тоа што докторите предупредуваат на заболувања на срцето и бубрезите кај детето.

Колумнистот на весникот Хуриет, Ајше Арман го интервиурираше Мехмет Фатих Озтурк, адвокатот кој ја преставува Шуле Гумушолук, трудница во деветтиот месец од бременоста која сеуште се држи во притвор.

„Според лекарските извештаи, детето има проблеми со срцето и бубрезите. Неговото срце има дупка а бубрезите се зголемуваат со многу поголемо темпо од нормалното. Докторот на Шуле ѝ рече дека детето мора да се лекува пред да се породи. Доколку не би била притворена, дедето сега би било под третман“ изјави Озтурк за Арман.

Адвокатот потенцира дека одлуката да остане Шуле во притвор е целосно кршење на универзалните права на децата и туските закони.

Во истата изјава адвокатот додава „Во периодот по воениот удар се случија многу работи кои не можете да поверувате дека би се случиле“.

По неуспешниот воен удар во Турција кој се случи на 15. јули 2016 приведени се над 120 илјади лица, а 50 илјади се уапсени како дел од вонредната состојба која веќе 4 пат се продолжува по три месеци. Меѓу приведените се најдоа и многу трудни жени, обични граѓани, лица со посебни потреби и многу лица од другите ранливи групи.

Related News