Турската влада водена од страна на Партијата на правдата и развојот (АКП) во текот на  Советот за национална безбедност, воден од страна на Претседателот Ердоган донесе одлука за продолжување на периодот на вонредната состојба на уште три месеци.

Во текот на состанокот одржан во претседателската палата донесена е одлука за продолжување на вонредната состојба. Одлуката е испратена на одбрување до собранието.

Вонредната состојба за прв пат е прогласена на 20 јули минатата година, откако на 15. јули се случи неуспешниот воен удар. Првата вонредна состојба траеше до октомври, откако повторно беше продолжен рокот до јануари па до 19. април.

На 15. јули Турција помина низ еден неуспешен обид за државен удар. Таа вчеер животот го загубија 240 лица а уште илјадници други се повредени. Владата и претседателот Реџеп Тајип Ердоган по итна постапка го обвинија движењето Ѓулен за организирање на воениот удар.

Движењето ги одбива сите обвинувања.

По прогласената воена состојба, владата затвори стотиви компании, уапси сттици илјади лица и затвори илјадници инситуции поврзани со движењето Ѓулен.

Related News