Турската полиција уапси жена само неколку часа откако на свет донесе новороденче.

Назли Н. Мерт, жена која се породи во една болница во Анкара, беше приведена и однесена во полициската станица само неколку часа по породувањето како дел од истрагата против движењето Ѓулен.

Според веб порталот haberdar.com и сопругот на Назли Н. Мерт е уапсен поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.

Назли се породи со „царски рез“.

Ова не е прво приведување на жена веднаш по породувањето.

Во петокот турската полиција, поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен ја приведе и наставничката Елиф Асланер која се породи во средата.

Во изјавата за весникот Актифхабер, сопругот на Елиф рекол дека полицијата дошла во болницата уште во средата но докторите рекле дека ќе мора да почекаат 48 часа поради можни компликации.

Сопругот на Асланер рече дека неговата сопруга имала прееклампсија и страдала од конвулзии при породувањето од првото дете, по што била два дена во кома. Тој додаде дека било можно да се родат истите компликации.

Сопругот исто така додаде дека полицијата вршела претрес во нивниот дом без нивно присуство, во периодот кога сеуште била трудна неговата сопруга. Сопругот вели дека жената не сакала да се предаде во полција бидејќи се плашела да не биде приведена исто како што предходно биле приведувани трудни жени и жени кои само што извршиле породување.

Според Актифхабер, Асланер веднаш по породувањето, во петокот наутро била приведена заедно со своето новороденче.

Минатиот месец, на сличен начин, само три дена по породувањето, во турскиот град Зонгулдак, поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен беше приведена Ајсун Ајдемир, наставнилчка по англиски јазик која се породи со „царски рез“.

Во низата приведувања веднаш по породување се приклучи и Фадиме Гунај, која беше приведена само неколку часа откако на свет дојде нејзиното детенце кон крајот на јануари.

Архивата вели дека наставничка со иницијали Ш. А. Била приведена додека се упатувала кон болницата за да го породи своето бебе. Таа била однесена во болница за да се породи, а веднаш по породувањето ја снашла истата судбина како една друга мајка по име Мерјем, која веднаш по породувањето била пренесена од Конја во Истанбул, и покрај докторските забрани за патување.

Турција на 15. јули преживеа неуспешен воен удар. Според информациите, билансот од овој удар се 250-те убиени и над илјадите ранети. Владеачката Партија за правда и просперитет и претсдателот Реџеп Тајип Ердоган вината за организирање на овој неушпешен пуч му ја препишува на движењето Ѓулен.

Движењето негира било каква поврзаност со пучот и повикува на меѓународна истрага.

Според извештајот на државната новинска агенција Анадолу објавен на 28. мај, турската полиција привела 154,694 лица а уапсила 50, 136 лица поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.

Related News