Турската влада продолжи со големата чистка од државната адмистрација на луѓе од сите сфери на животот кои се апсени и прогонувани.

Според информациите до кои стигна Turkeypurge.com, во прите 15 дена од месецот јуни, во Турција се приведени над 1601 лице од кои 895 се уапсени во операции насочени кон куртското население и движењето Ѓулен, кое владата го товари за планирање на неуспешниот државен удар од 15. јули минатата година.

Ги објавуваме сите приведувања, апсења и разрешувања кои се случиле помеѓу 1. и 14. јуни.

На 1 јуни, во една слаткарница се приведени четири луѓе додека правеле план како да побегнат од турскиот прогон.

Двајца од приведените се адвокати, еден доктор и еден студент кои се состанале со намера да направат план како да ја напуштат земјата, јавува државната новинска агенција Анадолу. Полицијата заплени 6500 долари, фотографии со големина на пасош и лични карти кои не им припаѓале на приведените.

На едно видео споделено на 1. јуни се гледа како турската полиција испукува стотици пластичкни куршуми кон Вели Сачилик, поранешен политички затвореник и јавен службеник кој е разрешен со владин декрет како дел од мерките на турската влада по неуспешниот воен удар од 15. јули.

Во 43 секундното видео споделувано илјадници пати на социјалните мрежи, се гледа како полицијата испукува стотици пластични куршуми врз Салиџик, кој го протестираше своето разрешување. По испукувањето на куршумите, Салиџик паѓа на под по што влечејќи го носат до болница.

На 1. јуни е осуден модниот дизајнер Барбарос Шансал. Судот му изрече затворска казна од 6 месеци и 20 дена поради навреда на турската нација во едно видео споделено на социјалните мрежи вечерта на Нова Година.

На 2. јуни се уапсени Зекерија Гузупек и Мехмет Али Ерташ поранешни раководители на затворената куртска новинска агенција ДИХА, јавува Евренсел Дејли.

На 2. јуни 9 годишно девојче е одделено од своето семејство откако и нејзиниот беше приведен поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.

На 2. јуни, само неколку часа по породувањето е приведена Елиф Асланер,наставничка по верско образование. Елиф исто така е приведена поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.

На 2. јуни на Турско-Грчката граница се фатени десет души кои се обидувале нелегално да ја поминат границата, во бегство од прогонот. Меѓу приведените се најдоа четири наставници, еден доктор и еден воен офицер кои се разрешени од нивните позиции поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.

На 2. јуни, приведени се 6 студенти од факултетот за авијација и воздухопловни науки при  Анадолу Универзити во Ескишехир, како дел од истрагата против движењето Ѓулен.

На 2. јуни, седум лица, вклучувајќи и партнери, менаџери и работници на центарот за дијализа во централната провинција Аксарај беа уапсени како дел од истрагата против движењето Ѓулен. При рацијата во центарот беа најдени 29 банкноти на еден долар, како доказ за учество во терористичка организација.

На 2. јуни турската полиција го уапси проф. д-р Мехмет Кантер, таткото на НБА ѕвездата играч на Оклахома Сити Тандер, Енес Кантер. Според весникот Биргун, владата го обвинува Енес Кантер за поврзаност со движењето Ѓулен.

На 2. јуни судот на Адана изрече условна казна за визуелно хендикепираниот Џунејт Арат поради фалење на турскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

На 2. јуни обвинител од градот Сивас издаде поттерница за апсење на 13 заболекари во 7 провинции поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен, јавува новинската агенција Анадолу.

На 3. јуни е приведен главниот советник на турскиот премиер како дел од истрагата против движењето Ѓулен.

На 3. јуни, приведени се 14 лица како дел од истрагата против движењето Ѓулен со центар во градот Самсун. Обвинети поради користење на мобилната апликација ByLock и поради вложување пари во Банк Асја, обвинетите биле приведени во истовремени полициски акции во градовите Самсун и Анкара. Меѓу приведените има еден адвокат, 12 наставници и еден јавен службеник кои биле отпшени од нивните работи поради слични обвиненија.

На 3. јуни полицијата ја привела Назли Н. Мерт, која била однесена во полициска станица само неколку часа по породувањето, како дел од истрагата против движењето Ѓулен.

На 4. јуни е приведен главниот уредник на дневниот весник „Ајдинлик“ кој е поврзан со ултранационалистичката партија ВАТАН која е предводена од Догу Перинчек. Јуџел е уапсен, но по кратко време е пуштен на слобода.

На 4. јуни се приведени 40 лица во провинцијата Ризе како дел од истрагата против дижењето Ѓулен. Обвинети за користење на ByLock апликацијата, приведените се составени од јавни службеници, сопственици на мали бизниси и бизнисмени.

На 4. јуни, во градот Чорум се уапсени над 20 жени како дел од истрагата против движењето Ѓулен.

На 5. јуни турскиот министер за внатрешни работи изјави дека само последната недела се приведени 81 лице пораси ширење на пропаганда низ социјалните мрежи во корист на терористичката организација ПКК. Министерот нагласи дека истрага е поведена против 365 корисници на социјалните мрежи но дека само 81 од нив се уапсени.

На 5. јуни, приведени се вкупно 920 лица низ цела Турција како дел од истрагата насоќена против Ѓулен. Во соопштението на министерството за внатрешни работи се вели дека помеѓу 29. мај и 5. јуни приведени се вкупно 920 лица поради нивната поврзаност со движењето Ѓулен.

На 5. јуни, во турскиот град Батман само неколку часа по породувањето е приведена Есра Демир, поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.

На 5. јуни, министерството за внатрешни работи објави чиста од 130 лица на кои ќе им е одземе државјанството доколку не се вратат во рок од три месеци. Сите лица од листата се во странство. На листата која е објавена во јавниот весник се најде и тускиот проповедник Фетулах Ѓулен и пратеникот на Народната емократската партија (ХДП).

На 5. јуни, судот на Хатај донесе одлука за апсење на Мухаммед Фуркан Сокмен, турски граѓанин кој беше присилно вратен во Турција и покрај неговите повици за помош преку социјалните мрежи. Сокмен работел како раководител во две училишта на движењето Ѓулен во Мјанмар.

На 6. јуни, турското обвинителство издаде наредба за апсење на 47 вработени во министерството за енергија и министерството за образование. Триесет од нив се вработени во министерството за образование, а 17 во министерството за транспорт, врски и енергетика, јавуваат турските медиуми.

На 6. јуни, Канцеларијата на јавното обвинителство на Истанбул подготви обвинителен акт каде што од судот се бара двостепена доживотна казна за 13 лица под обвинение за државен удар, меѓу кои се најдоа голем број познати турски турски новинари и пеачи како Атила Таш. Обвинителството побара доживотна казна за Гокче Фират Чулханоглу, претседател на националистичката партија УП и колумнист во весникот Турк Солу. Останатите новинари за кои е побарана доживотна казна се: Јакуп Четин, Бунјамин Косели, Џихан Аџар, Абдулах Килич, Огуз Услуер, Хусејин Ајдин, Мурат Аксој, Мустафа Еркан, Сејит Килич, Јеткин Јилдиз, Али Аккус и познатиот пеач Атила Таш. Во обвинението се наведува дека доказ за нивното членство во терористичката организација се нивните приказни, критични твитер статуси и споделувања.

На 6. јуни, уредникот на весникот Евренсел Чагри Сари и поранешниот сопственик на весникот Ариф Кошар добија 5 месечна условна казна според 301. член од Кривичниот законик на Турција. Членот 301 криминализира деградирање на турската нација, држава, влада, република и турскиот парламент и легалните институции на државата. Одлука за затвор на новинарите ја донел 2. кривичен првостепен суд на Истанбул поради една вест објавена во весникот на 15. март 2016 насловена како „Полицијата отвори оган кон цивилите во Нусајбин: 3 повредени“.

На 6. јуни уапсени се 12 наставници од Малатја како дел од страгата против движењето Ѓулен.

На 7. јуни, судот на Кастамону му пресуди 6 години и 3 месеци затвот на М. А. поради наводно користење на мобилната апликација ByLock поради што М. А. се товари за членство во движењето Ѓулен.

На 7. јуни беа приведени 83 наставници како дел од истрагата базирана во Истанбул против движењето Ѓулен.

На 7. јуни обвинителството издаде наредба за апсење на 128 лица како дел од итрагата против големата фирма Кајнак Холдинг со седиште во Истанбул, која владата ја запленила во 2015 година. Според потрерницата треба да бидат приведени 128 лица од 19 компании, 1 фондација и една асоцијација на Кајнак Холдинг.

На 8. јуни приведени 11 банкарски службеници во Анкара како дел од истрагата против движењето Ѓулен.

На 8. јуни, приведен е поранешниот ректор на универзитетот Акдениз, проф. д-р Исрафил Куртџепхе, поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.

На 8. јуни, подпретседателката на прокуртската партија ХДП Фиген  е осудена на една година казна поради „навредување на турската влада“, јавува државната новинска агенција Анадолу. Судот ја осудува поради нејзиниот говор направен на пренс конференција одржана на 12 октомври 2015 година. Јуксекдаг, која е во затвор од ноевмри минатата година, одби да учествува во судскиот процес со користење на видео систем.

на 8. јуни, истанбулското јавно обвинителство поднесе барање за три последователни доживотни казни за поранешниот гувернер на Истанбул Хусејин Авни Мутлу и поранешниот шеф на полицијата Хусејин Чапкин, поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.

На 8. јуни, претседателот на УП и колумнитот на весникот Турк Солу е осуден на 11 месеци и 20 дена затвор поради навреда на турскиот престседател Реџеп Тајип Ердоган.

На 9. јуни, приведени се 11 лица во градот Баликесир како дел од истрагата насочена против движењето Ѓулен. Приведени се составени од 5 академици од универзитетот Баликесир, 2 врески проповедника, 1 бодигард, 2 градежни работници и еден чувар.

На 9. јуни од Турција е депортиран францускиот фоторепортер Матијас Депардон, кој бил приведен ден претходно.

На 10 јуни, десет лица, меѓу кои тројца од Турската комунистичка партија (ТКП) се осудени на 11 месеви и 20 дена затвор поради навреда на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

На 10 јуни, врховниот кривечен суд на Адана, од министерството за правда побара одземање на државјанството на новинарот Билал Огутчу, кој е осуден на 15 години затвор поради наводно членство во терористичка организација. Огутчу работел во веќе затворениот весник Заман и новинската агенција Џихан како дописник од Адана, пред овие два медиуми да бидат затворени со владин декрет како дел од мерките по неуспешниот воен удар на 15. јули минатата година.

На 11. јуни, приведена во југоисточната провинција Испарта како дел од една поствоенударска акција, една жена со иницијали О. А. однесена е во затворот на Сиирт, 1291 километар оддалечено од нејзиниот дом. Според веб порталот Актиф Хабер, О. А. била приведена во Испарта, пред да биде испратена во Сиирт на распит.

На 11. јуни, 39 цивили, меѓу кои доктори, имами и домаќинки се приведени од страна на турскта полиција во 6 полициски провинции во Турција поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен.  Во самсун се приведени 15 наставници, 1 доктор, 1 продавач и еден поранешен вработен во едно училиште од затвореното училиште на движењето Ѓулен поради наводно користење на мобилната апликација ByLock.

На 11. јуни, на еден здравствен работник му е одредена затворска казна од 6 години, 6 месеци и 22 дена поради наводно членство во движењето Ѓулен.

На 12. јуни, сликарката Зехра Доган е однесена во затворот на Дијарбакир, неколку месеци откако ѝ беше одредена затворска казна од 2 години, 9 месеци и 22 дена поради сликање на место уништено во текот на воените акции во Нусајбин, област во провинцијата Мардин. Доган била спречена од полицијата и била однесена во затворот на Дијарбакир. Таа била осудена во отсутсво на 5. март 2016 година. Според вестта на весникот Џумхуријет, 2. врховен суд на Мардин одредил затворска казна за Доган поради цртање на турски знамиња врз разрушените згради.

На 12. јуни, турскиот министер за внатрешни работи изјави дека во текот на неделата се приведени вкупно 38 лица поради водење кампања во корист на движењето Ѓулен и Куртската работничка партија ПКК. Тој додаде дека е покренета истрга протви 391 корисник на социјалните мрежи, но дека само 48 од нив се приведени во период од 5 до 12 јуни.

На 12. јуни се приведени вкупно 386 лица низ цела Турција како дел од истрагата против движењето Ѓулен. Во писмено известување, министерството за внатрешни работи извести дека сите 386 лица се приведени во период од 5 до 12 јуни.

На 13. јуни, јавното обвинителство издаде потерница за апсење на 42 вработени во Министерството за внатрешни работи.

На 14 јуни, судот на Истанбул изрече затворска казна од 25 години за Енес Бербероглу, пратеник на Републиканската народна партија (ЏХП) и поранешен новинар, поради известување за шлеперите на Националната разознавачка служба (МИТ). Според вестта објавена во Џумхуријт џандармеријата стопирала шлепери на МИТ додека се обидувале да пренесат оружје во Сирија. Кога во 2015 за прв пат се објави вестта, предизвика голема бура во Турција поради улогата на МИТ во војната на Сирија и апсењата на Бербероглу и едиторите на весникот Џумхуријет. Судот, на Бербероглу му одреди затворска казна од 25 години  поради објавување на „тајни информации“ и објавување на фотографии на шлеперите на МИТ. Судот нареди итно апсење на Бербероглу, веднаш по објавувањето на пресудата.

На 14. јуни, Обвинителствот на Кајсери издаде потерница за притвор на 14 бизнисмени како дел од истрагата насочена кон припадниците на двиѓењето Ѓулен, јавува државната новинска агенција.

Турција на 15 јули минатата година преживеа неуспешен воен удар, кога беа убиени 240 лица и беа ранети повеќе од илјадници. Веднаш по воениот удар, турскиот претседател Ердоган и неговата партија АКП движењето Ѓулен го означија како организатор на ударот.

Движењето отфрла било каква поврзаност со ударот.

Повеќе од 13 лица се приведени, од кои 48 илјади се уапсени во периодот по воениот удар. Уапсени се многу новинари, судии, обвинители, полицајци, воени лица, академици, гувернери, па дури и еден комичар.

Related News