Турската влада издаде двa нови декретa за вонредни состојби, познати како КХК, кои отпуштаат 922 луѓе, меѓу кои 120 академици од 28 државни универзитети низ цела Турција.

Со отпуштањето на академиците, вкупниот број на прогонети академици од неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година достигна 8.391.

Новите декрети, со број 693 и 694, беа објавени во Службен весник рано во петокот наутро.

Турската влада суспендираше или разреши повеќе од 146.000 луѓе, вклучително и војници, судии, професори, полицајци и државни службеници, од минатогодишниот неуспешен државен удар, преку владини декрети издадени како дел од вонредна состојба.

Најмалку 23.427 академици (според Би-Би-Си), 4.272 судии и обвинители и 22.920 воени лица беа разрешени од своите работни места поради нивните вистински или наводни врски со движењето Ѓулен, кое турската влада го товари за организирање на пучот од 15. јули. Движењето ги одбива овие обвинувања.

Турција го преживеа обидот за воен удар на 15-ти јули, во кој загинаа 249 лица, а беа повредени повеќе од илјада други. Веднаш по пучот, Владата на Партијата на правдата и развојот (АКП), заедно со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, го обвини движењето Ѓулен за организирање на пучот.

Фетулах Ѓулен, лидерот на движењето, постојано негираше каква било улога во неуспешниот државен удар, но претседателот Ердоган и неговата влада иницираа широка чистка чија цел беше чистење на симпатизерите на движењето од државните институции, деуманизација на нејзините популарни личности и ставање во притвор.

Турското Министерство за правда на 13 јули објави дека 50.510 лица се уапсени и 169.013 биле предмет на судска постапка за обвиненија за државен удар од неуспешниот државен удар.

Ви ја преставуваме целосната листа на приведени академици.

Related News