Човечки трагедииuman на Турскиот прогон

Ѓокхан Аџиколу

Ѓокхан Аџиколу

Професор во средно училиште

Ѓокхан бил приведен на 23 Јули 2016 година како дел од прогонот по пучот. Покрај тоа што страдал од шеќер во крвта, шест дена не му било дозволено да ги прима лековите. По 13 дена притвор, на 5 август бил најден мртов во неговата затворска ќелија.
Хаџи Иса Сезек

Хаџи Иса Сезек

83 годишен цивил

83 годипшниот Хаџи Иса Сезек е уапсен на 3 јануари оваа година под сомнение за учество во „вооружена терористичка организација“. Тој е задржан во истата ќелија со неговиот внук Сулејман Сезек.
Мустафа Торер

Мустафа Торер

Бизнисмен

Мустафа е еден од 45 илјади луѓе кои масовно се апсени по пучот во Турција. Бил однесен во затворот на Искендерун. Мустафа, кој страдал од шеќерната болест, умрел од срцев удар како резултат на доживеаните стресови и трауми.
Билал Конакчи

Билал Конакчи

Експерт за деактивирање на бомби

Билал Коначки е поранешен експерт за деактивирање на бомби кој ги изгубил двете очи и десната рака при обид да деактивира бомба во 2009 година. Тој е уапсен на 20. декември 2016 година.
Фуркан Д.

Фуркан Д.

12 годишен пациент болен од рак

12 годишниот Фуркан умрел од рак на мозокот откако нему и на неговите родители на Истанбулскиот аеродром Ататурк им биле одземени пасошите при обид за лет во Куба поради третман на ракот.
5 деца

5 деца

5 деца

Ова видео беше објавено на социјалните мрежи на 23 Јануари 2016 година. На видеото се појавуваат 5 деца кои биле оставени сами на своја глава откако нивната мајка била уапсена при посета на нејзиниот сопруг во затворот Синџан, Анкара.
Филиз Ј.

Филиз Ј.

30 годишна мајка

Филиз Ј. е 30 годишна мајка која се породила на 6 Фебруари 2017 година. Таа е приведена само неколку часа потоа на 7. фебруари, поради сомнеж за врска со движењето на Ѓулен.
Јавуз Болек

Јавуз Болек

Уапсен полициски начелник

Јавуз Болек, поранешен полициски начелник кој бил отпуштен откако почнал да ја следи корупцијата имплицирана од Ердоган. Тој е болен од рак и му се заканува парализа доколку не ги добива лековите. Неговите молби да му ги донесат лековите се одбиени.

Бремена на близнаци, жена од Коџаели е приведена при контрола во болница!

Турската полиција ја приведе Нурије Јалчин, бремена жена која очекувала близнаци во 5 тиот месец од бременоста. Нурије била на редовен преглед во болницата Измит Медикал Парк, кога полицијата дошла и ја однела во полициската станица. Обвинета за наводни врски со...

Турската полиција држи во притвор трудница во деветтиот месец од бременоста, и покрај заболувањата кај бебето

Една жена во турскиот град Кајсери сеуште се држи под притвор само неколку дена пред породување и покрај тоа што докторите предупредуваат на заболувања на срцето и бубрезите кај детето. Колумнистот на весникот Хуриет, Ајше Арман го интервиурираше Мехмет Фатих Озтурк,...

Жена се грижи за две парализирани деца додека нејзиниот сопруг е во затвор повеќе од 270 дена

Хаџер Чакмак е само една од стотиците илјади луѓе кои се соочуваат со огромни проблеми откако владата почна остри мерки против движењето на Ѓулен во периодот по неуспешниот државен удар од 15. јули. Таа е мајка на три деца и сопруга на Сејфулах Чакмак, турски судија...

На погребот на својот татко присуствувале со лисици на рацете

Во затвор почина 74 годишниот бизнисмен Реџеп Ердем, кој е уапсен поради наводни врски со движењето Ѓулен, , а неговите синови кои исто така се уапсени, на погребот можеа да присуствуваат само со лисици. Тој починал откако претрпел срцев удар. Според локалните медиум,...

Владата ги укина средсвата наменети за девојче со посебни потреби

Турската влада го прекина фондот наменет за Рафија Нур, 12 годишно девојче со посебни потреби чиј татко е уапсен поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен, откако државните челници движењето го прогласија за организатор на неуспешниот воен удар на 15. јули. Според...

Затвореник, парализиран во затворот Сивас, умрел на 33 години

Кадир Ејџе е 33 годишен полициски службеник кој бил уапсен поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен. Минатата недела беше пуштен на слобода поради здравствени проблеми. Според слики споделени на Твитер од страна на најблиските, на Ејџе му било оневозможено да...

Не му е дозволено лекување на затвореник болен од рак

На Харун Вурал му е дијагностициран рак додека тој сеуште бил во притвор. Обвинителот одбива да му даде дозвола за терапија во болница пред престојната операција. Харун, кој во градот Ерзурум  работи како ветеинар, бил уапсен како дел од операцијата против движењето...

Деца со Даунов синдром страдаат од големи здравствени проблеми во отсуство на затворениот татко учител

М.О. е отпуштен наставник и татко на две деца зааболени од Даунов синром со 92% и 98% рејтинг на попреченост. Тој веќе 4 месеци е во еден затвор во Анталија поради наводна поврзаност со движењето Ѓулен кое владата на Турција го обвинува за организирање на неуспешниот...

Share This