70 годишна старица е уапсена на истанбулскиот аеродром Ататурк, поради наводно учество во воен удар, додека се подготвувала да оди на аџилак во Мека.

Според вестта на веб-порталот  TR724. 70 годишната Кијмет Г. била приведена додека се подготвувала да оди во муслиманскиот град Мека за да ја изврши својата аџиларска должност.

Осомничената се товари за наводно членство во движењето Ѓулен, кое турската влада обвинува за организирање на неспешниот воен удар кој се случи на 15. јули минатата година.

Таа е обвинета за користење на мобилната апликација ByLock. Турските власти сметаат дека припадниците на движењето Ѓулен оваа апликација ја користеле за тајно разговарање помеѓу себе.

Десетици илјади цивили, полициски офицери и бизнисмени претходно се приведени поради користење на ByLock.

Воениот удар се случи на 15. јули минатата година, каде што се убиени 250 лица а повредени се илјадници други. Веднаш по пучот, владеачката партија АКП и претседателот Ердоган вината за пучот му ја префрли на движењето Ѓулен, без никакви докази. Ова е причината поради која турсата влада започна прогон против симпатизерите на движењето, приведувајќи илјадници домаќинки, бизнисмени, полицајци, војници и други.

Турското министерство за правда соопште дека до 13 јули 2017 година приведени се вкупно 169 013 лица, додека пак 50,510 лица се уапсени како дел од истрагата за воениот удар.

 

 

Related News